Седларево

Седларево

Панорама на селото Седларево

Седларево во рамките на Македонија
Седларево
Местоположба на Седларево во Македонија
Седларево на карта

Карта

Координати 41°52′59″N 21°07′39″E / 41.88306° СГШ; 21.12750° ИГД / 41.88306; 21.12750
Регион  Полошки
Општина  Желино
Област Горен Полог
Население 419 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1218
Повик. бр. 044
Шифра на КО 28070
Надм. вис. 1.281 м
Седларево на општинската карта

Атарот на Седларево во рамките на општината
Седларево на Ризницата

Седларево — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.

Сместено е во сливот на реката Треска. Географски, Седларево припаѓа на областа Порече, но историски се води како дел од Полог.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед кон селото од земјениот пат за соседното Гургурница

Селото се наоѓа во југоисточниот дел на територијата на Општина Желино, во непосредното сливно подрачје на реката Треска, а на падината на планината Сува Гора.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.240 метри. Од градот Тетово е оддалечено малку повеќе од 30 километри.[2]

До селото се стигнува преку асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1206 пред селото Групчин.

Селото се наоѓа во горниот дел на повремен поток наречен Лока, кој е лева притока на реката Треска. Куќите во најголем дел се наоѓаат на стрмна долинска падина и се завртени кон југозапад. Водата за пиење доаѓа од чешми, извори и три бунари. Чешмите и извори се наречени Беленица, Извори Крис, Крушица, Крстец, Шелќе (Врба), Балавода (Бела Вода) и Крој Катунди (главниот извор).[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Длиња, Балкан, Крушица, Лигата, Осој, Порече, Кодра Наљт (Високо Брдо), Локва, Треска, Огради, Ѓури Јоргавани (Јорганов Камен), Селиште, Киша (Црква), Леска, Кали Бали Бегот, Пољце, Галче Граб, Гурин Гулин, Тапола (од Топола), Гропа Ларцес (Дупка на селото Ларце), Манивар, Табахан и Бунари.[3]

Селото има збиен тип и овален облик. Се дели на пет маала: Бољетин, Казалар, Скералар, Синалар и Љамалар. Имињата на маалата се по главните родови, иако куќите на поединечните родови во маалата се измешани. Често не може да се постави граница каде едно маало завршува.[3]

За него македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“, запишувајќи го под погрешното име Сема забележал дека се наоѓа на 1 ½ час од Луковица и како и тоа село сместено е во Сува Гора.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото Седларево со селото Гургурница во позадината

Селото е доста старо населено место, бидејќи под истото име се споменува уште во XIV век, кога една четвртина од селото била во посед на некој Исак, кој својот дел го приложил на црквата „Св. Богородица“ во Тетово, а тоа во грамота го потврдил царот Душан. Во 1348 година, царот Душан, го приложил селото Седларево на манастирот Хиландар. Кон крајот на XV век Седларево веќе се споменува како село Хума Шах Султане, жена на Мустафа-паша, но не се знае сигурно дали се однесува на ова село или можеби на Горно и Долно Свиларе кај Скопје.[3]

Пишани докази за Седларево се наоѓаат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер бр. 12 за Скопскиот вилает од 1452/53 година, каде за селото е запишано дека во него живееле со 6 христијански македонски семејства кои произведувале пченица, јачмен, овес, ’рж, бостан, чувале свињи и пчели за што се остварувал севкупен обрт од приходи и давачки од 396 акчиња. Подоцна во XIV век во пописните дефтери од 1544 година Седларево имало 28 македонски христијански семејства, а во 1568 година биле регистрирани 33 христијански семејства. Во пописните дефтери од 1544 и 1568 година има податоци дека ова село заедно со селата Шишево, Кондово, Глумово и Калуѓерица ѝ биле доделени на жена му на Мустафа-паша како мулк од султанот Бајазит, која подоцна ги увакуфила при своето завие и турбето што ги изградила кај мостот во Скопје.[5]

Староста на селото го потврдуваат и остатоците од старини и народната традиција. Околу селото се наоѓаат црквиште, христијански гробишта и Селиште. Тие се наоѓаат во непосредна близина и тоа во северниот дел на селото. Околу 1914 година, општински службеници од Седларево ги откопале гробиштата и тогаш биле пронајдени коски, плочи и остатоци од ѕидови. Црквата се наоѓала кај Гулевски Куќи.[3] Северно од селото некогаш се наоѓало средновековното село Крушица, кое припаѓало на манастирот „Св. Андреј“ на Треска.[3]

Денес, во селото живее доселено муслиманско население од Горна и Долна Река. По денешните родови, селото е старо 150-160 години. Кога дошле доселениците во селото затекнале православно македонско население, кои подоцна потполно се иселиле. Од старинците останал стариот назив на селото, местоположбата и некои топоними.[3]

Од иселеното население се знае за родот Велјан (1 к.), кој живее во полошкото село Милетино. Тие зборуваат дека дел од нивните роднини останале во Седларево како исламизирани.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 29,7 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 948 хектари, на шумите отпаѓаат 730 хектари, а на обработливото земјиште 350 хектари.[2]

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција и поседува услужни објекти.[2]

Поради малите обработливи површини и лошите услови, малкумина се занимаваат со земјоделство, садејќи планинско жито, сточна храна и компири. Меѓутоа, поради пространите пасишта, сточарството е главното занимање на населението.[3]

Македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ запишал дека неговите жители изработувале многу лажици, кои биле најдобрите во Тетовско. Во тоа време по нашите места се правеле лажици од различни дрва, но тука ги правеле од зеленика, којашто расте на неголеми дрва на многу места по Сува Гора, а зелениковите дрвени лажици се сметале за најдобри.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948711—    
1953762+7.2%
1961868+13.9%
19711.098+26.5%
19811.269+15.6%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
19941.508—    
20021.611+6.8%
2021419−74.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Седларево живееле 438 жители, од кои 330 жители Македонци христијани и 106 Албанци муслимани.[6]

Според рускиот издавач Афанасиј Селишчев во 1929 година, Седларево било центар на истоимената општина од три села во областа Долни Полог и имало 96 куќи со 350 жители Македонци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[8]

Селото е големо, населено со албанско население. Тое во 1961 година имало 868 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 1.508 жители.[2]

Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Седларево, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во селото нема забележани податоци.[заб 1]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Седларево живееле 1.611 жители, од кои 1.605 Албанци, 2 Бошњаци и 4 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 419 жители, од кои 379 Албанци и 40 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 438 711 762 868 1.098 1.269 1.508 1.611 419
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Во селото Седларево денес живее албанско муслиманско население, кое започнало да се доселува од крајот на XVIII век и денес говори на албански јазик.[3]

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Скералар (18 к.), се доселиле на крајот на XVIII век од селото Врбјани во Горна Река. Го знаат следното родословие: Садик (жив на 61 г. во 1949 година) Касам-Бељул-?-Садик, еден од предците што се доселиле; Казалар (26 к.) и Љамалар (18 к.), имаат исто потекло како и претходниот род; Бољетин (25 к.), потекнуваат од 3 или 4 брата кои дошле од македонското муслиманско (торбешко) село Болетин во Долна Река и порано во своите куќи зборувале на македонски јазик; Синалар (24 к.), и за нив се мисли дека се дојдени од Долна Река и најпрвин говореле македонски јазик, а времето на доселување не го знаат; Зеќиралар (1 к.), се доселиле во 1925 година од соседното село Луковица, а вистинското подалечно потекло им е од Гостиварско од каде се иселиле како православен македонски род под име Кросовци, од кој пак еден предок кој бил момок во блиското село Мерово се оженил со Албанка и преминал на ислам прифаќајќи го името Суљо при што основал нов род во Луковица по име Чистиловци од кои потекнува овој седларевски род.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Покрај иселеното македонско православно население, се знае и за иселени денешни родови: од родот Скералар има иселеници во селото Ларце (Скопско), каде се нарекуваат Гуље (5 к.), од родот Казалар има иселеници во селото Глумово (Скопски Дервен), каде ги нарекуваат Селарево (4 к.).[3]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Седларево било албанско село во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Желино, една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од некогашната Општина Желино.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Сараќино во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Групчин, во која покрај селото Седларево, се наоѓале и селата Групчин, Гургурница, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Луковица, Мерово, Ново Село, Рогле, Церово и Чифлик. Во периодот 1950-1952 година селото претставувало седиште на истоимената општина, во која влегувале селата Гургурница, Луковица и Седларево.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 2103 и 2104 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.424 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[17]

Личности

[уреди | уреди извор]
Загинати во Седларево

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 267. Посетено на 7 август 2022.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1951). Села на Сува Гора. Белград: САНУ. стр. 4–6.
  4. 4,0 4,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 307. ISBN 978-608-245-113-8.
  5. Соколоски, Методија (1976). Турски документи за историјата на македонскиот народ. III. Скопје: Архив на Македонија. стр. 275.
  6. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 212
  7. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 март 2016.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]