Солзи радосници (англиски: Happy Tears) е американски филм од 2009 година, во режија на Мичел Лихтенштајн. Главните улоги ги толкуваат: Деми Мур и Паркер Поси.
Двете сестри, Џејн (ја игра Поси) и Лаура (ја игра Мур) се враќаат дома за да се грижат за својот болен татко. Освен што не се согласуваат за неговата здравствена состојба, тие разговараат и за тоа како поминале во животот. Така започнува судирот меѓу нив, зашто Лаура е мајка на две деца и борец за заштита на природата, а Џејн е омажена за богат човек, но е психички нестабилна.[1] [2] [3]