Фон Хоф во 2016 година | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Стил фон Хоф | ||||||||||||||
Прекар | Не’рѓосувачки[1] | ||||||||||||||
Роден | 31 декември 1987 Морнингтон, Викторија, Австралија | ||||||||||||||
Висина | 1,80 м | ||||||||||||||
Маса | 70 кг | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | спринтер | ||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||
2009–2010 2011 2012 2012 2019 2020–2021 | Торк Перформанс Нутришн Џенезис Велт Адвајзерс Чипотл-Фирст Солар Дивилопмент Тим Гармин-Шарп (стажант) Тим Релентлес ИнФорм ТМ Инсајт МЕЈК | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2013–2014 2015 2016-2017 2018 | Гармин-Шарп НФТО ОНЕ Про Сајклинг Бенелонг СвисВелнес Сајклинг Тим | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 27 октомври 2022 |
Стил фон Хоф (англиски: Steele Von Hoff; р. 31 декември 1987) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за австралиската аматерска екипа ИнФорм ТМ Инсајт МЕЈК.[2] Во 2018 година, Фон Хоф освоил златен медал на друмската трка на Игрите на Комонвелтот.
Во 2011 година, Фон Хоф и колегата од Џенезис Велт Адвајзерс Нејтан Хас, преовладувале на домашната национална друмска серија. Двајцата возачи настапиле на Хералд Сан Тур, трка на која возат голем број елитни екипи;[3] Фон Хоф бил трет на втората етапа и втор на третата етапа, додека Хас ја освоил трката.[4]
Во јануари 2012 година, Фон Хоф се приклучил на Чипотл-Фирст Солар Дивилопмент Тим, американска велосипедска екипа, која настапува на континенталните трки, меѓутоа Чипотл-Фирст Солар главно возела трки во Американската турнеја. На 1 август 2012, додека се подготвувал да настапи на Тур де Гваделуп со боите на екипата, Фон Хоф бил унапреден како стажант на екипата Гармин-Шарп,[5] и така повторно се споил со Хас.[6][7] На 24 август 2012 година, Фон Хоф завршил трет на третата етапа на Трката околу Данска.[8]
Фон Хоф се приклучил со професионален договор на Гармин-Шарп за сезоните 2013 и 2014.[9][10] На 10 јанаури 2014 година, Фон Хоф победил на државното првенство во критериум.[11][12] Во декември 2014 година, Фон Хоф бил најавен како член на составот на екипата НФТО за сезоната 2015.[13] На Тур Даун Андер 2015, Фон Хоф настапувал како дел од екипата УниСА-Австралија. Ја освоил четвртата етапа на трката.[14] Есента 2015, ОНЕ Про Сајклинг објавиле дека Фон Хоф ќе вози за нив од 2016.[15]
Освоил златен медал на друмската трка на Игрите на Комонвелтот 2018.[16]
Фон Хоф е роден во Морнингтон, а моментално живее во Мурудук, Австралија.[17][18]
„Стил фон Хоф“ на Ризницата ? |