Суперхикс — македонска ска-панк група со реге, латино, џез, свинг и балкански музички влијанија. Групата била формирана во 1993 година, од три средношколски другари: Петар Младеновски, Зоран Жежов - Кечо и Борис Минов, (но, за официјален роднеден на бендот се смета датумот на првиот настап а тоа е 03.03.1994 година кога Суперхикс за прв пат настапуваат во скопскиот клуб Доорс).
На почетокот, „Суперхикс“ свиреле мелодичен панк/хардкор, но подоцна, во групата била вклучена и тричлена дувачка секција составена од труба, тромбон и флигел хорна, како и моќен перкусионистички сет и со тоа низ годините се менуваат и музичките стилови и звуци.
За официјален датум по кој се води “роденденот“ на Суперхикс е земен 03.03.1994 година. Датум кога Суперхикс во трио формација ќе го забележат својот прв настап во тогашниот скопски клуб DOORS.
Сето останато е речиси тридецениска музичка историја полна со интересни приказни, стотици концерти и турнеи, 8 изданија, илјадници километри...
Во својата кариера, „Суперхикс“ ја делеле сцената со големи имиња од светската музичка сцена, како: Manu Chao and Radio Bemba Sound System, House of Pain, Green Day, Bad Religion, Faith No More, The HIVES, Gogol Bordello, Roots, Inner Circle, Fun Lovin Criminals (twice), Tito and Tarantula, Henry Rollins, Rico Rodriguez (The Specials)), 30 Seconds to Mars, Flogging Molly, Fishbone, Fun Da Mental, Morcheeba, Moloko, Gentleman, Napalm Death и многу други.
Името на групата доаѓа од Суперхик, лик од стрипот "Алан Форд". Суперхик е лик кој краде од сиромашните и дава на богатите, а сето тоа го постигнува со својот смрдлив здив. Суперхик е тотален антихерој во стрипот Алан Форд.
- Hodokvas Фестивал (Пезинок- Братислава Словачка), 2004
- Фестивал "Таксират", 2003, 2008
- EXIT Festival (Нови Сад), 2003, 2008, 2011
- Sziget Festival (Будимпешта), 2002, 2003, 2014
- Rock Otocec (Ново Место, Словенија), 2002
- Фестивал "Аларм" (Љубаништа), 2002
- Zagreb Open Air (Загреб)
- Nisomnia Fest (Ниш)
- Десет години "Суперхикс" (Скопски саем, Скопје), 2004
- Дрти олд фестивал (Славонска Пожега, Хрватска), 2003, 2006,2007,2009
- Загреб Ин Мјузик фестивал, 2007, 2011
- Панк рок холидеј (Толмин, Словенија), 2011
- Праг Сити фестивал (Прага, Чешка), 2011
- Концерт на "Faith No More"(Polivalenta Hall, Букурешт), 2010
- Belgrade Calling,, концерт на "Green Day" (Белград), 2013
- Фестивал Дер Културен (Берлин), 2005
- Бунтрепублик фест (Дрезден), 2008, 2012,
- Концерт (Сиена, Италија), 2010
- Шенген фест (Виница, Словенија), 2011
- Зеница Зове фест (Зеница, БиХ), 2010, 2011
- Врло добар фестивал (Сараево БиХ,) 2010
- Концерт (Ноќен клуб "Colosseum", Скопје), 2011
- Региус фестивал (Шибеник), 2012
- Маск фест (Птуј), 2012
- Лејк фестивал (Скадарско Езеро), 2011
- 18 години "Суперхикс" (Метрополис арена, Скопје), 2012
- Аква парк фест, 2013
- Лент фестивал (Марибор), 2005, 2006, 2009, 2013
- Зигет фестивал (2014, Будимпешта УНГ)
- ПИВОЛЕНД Скопје (2010,2011,2013,2015)
- Тиквешки гроздобер (2012,2015)
- Виноскоп Скопје (2011,2012,2015)
- Таксират фестивал Скопје (2003,2009,2019)
- Seesplash фестивал (2015, Пула ХР)
- БАФ фестивал (Михољац ХР)
- Kultur Festival Dresden DE (2018)
- D Festival Dojran MK (2020)
- Seaside Festival (by EXIT) Primorsko BG (2021)
- Park Festival Ohrid (2021)
- Street Mode Festival Thessaloniki Gr - (2022)
- Самостојни концерти Скопје (Скопски Саем 2004, Колосеум 2010, Метрополис Арена 2012, Американско полнолетство на Суперхикс 21 година (Havana, Skopje 2015) МКЦ - „25 години СУПЕРХИКС“ 2019), Софија БГ - Строежа Опен Мјузик концерт - 2022,
- и уште многу ненабројани :)
- Ивица Ивановски - Папак - тромбон
- Коста Велков - саксофон
- Зоран Жежов - Кечо - тапани
- Лазар Дарковски - тапани
- Пере Мелов - Труба
- Славе Спировски - диџеј
- Живко Шулинчевски - саксофон
- Димитар Тодоровски - Диме - флигел хорна
- Горан Папазоски - Папаз - тенор саксофон
- Стефан Алексовски - Клавијатури
- Симе Златков - Саксофон
- ЈОДЛЕ (1995, демо касета) DIY
- Е.П. „МУЗИКА ЗА ВЕСЕЛИ И ТАЖНИ“ (1999) DIY
- 2001: „Чекај бе викам, каде бе малку“... (Литиум рекордс)
- 2003: „Трумано“ (Литиум рекордс)
- 2008: „И сега што?“ (Литиум рекордс)
- 2012: „Африка“ (DIY - ЦД)
- „The best of 20 so far...“ (компилација на најголемите хитови, 2014, Jugoton Records)
- 2017:Underground Evergreens“ (Jugoton Records)
- 2024 : Сила и Нервоза (Sila i Nervoza) (Phoenix Records, CD, online)
- 10 Мост (ХОПС Рекордс 2000)
- СКА Фактор Позитив (Охохо Рекордс, Словенија, 2003)
- United Colors of SKA (Pork Pie Records,Germany, 2007)
- Credit To the Nation TRIPLE CD (STROEJA Rec. Bulgaria 2008)
- SKA Generation (BRP Records, Russia, 2003)
- Македонија навива! (АМС Македонија, 2008)
- Најдоброто од Македонија (АМС Македонија, 2011)
- Pridigarji 25 years (Giljotina Rec. Slovenija, 2013)
- The best of 20 so far... (компилација на најголемите хитови, 2014)