Во рамките на Работната група 1 (Меѓувладин панел за климатски промени - МПКП), бил формиран тим чија задача е да формулира сценарија за идните концентрации на гасовите кои имаат ефект на стаклена градина. Ова е многу важен чекор во изработката на климатски проекции за иднината бидејќи разликата е токму во концентрацијата на гасови на стаклена градина предизвикува климатски промени.
Светската метеоролошка организација (СМО) и Програм на Обединетите нации за животна средина 1988 година во Женева го формирале Меѓувладиниот панел за климатски промени (МПКП). Во неговата работа учествувале сите земји-членки на СМО и Обединетите нации (ОН), вкупно 195, како и над 2.500 научници и стручни лица од различни научни области. Основната задача на МПКП е синтеза и оценка на научните, технолошките и социо-економските сознанија ширум светот за климатските промени кои се последица на човековите активности, потенцијалните последици и можните начини за адаптација и ублажување на тие последици. Овие заклучоци се објавуваат во извештаите кои се достапни на јавноста на секои неколку години. Досега се објавени пет извештаи (1990, 1995, 2001, 2007 и 2014 година).[1] Во декември 2007 година, МПКП и Ал Гор (поранешен американски потпретседател) ја добиле Нобеловата награда за мир „за напорите што ги направиле за да ги соберат на едно место и да го шират знаењето за климатските промени кои ги предизвикува човекот, како и за темелите кои ги положиле за идните мерки неопходни за спротивставување на таквите промени“.[2]
Во рамките на МПКП постојат четири работни групи со различни задачи:
За жал, не постои сигурен начин прецизно да се предвидат климатските промени во текот на наредните 100 години. Затоа, наместо тоа се конструираат сценарија за емисии на стакленички гасови, кои даваат широк опсег на можни вредности на нивните концентрации.
Процесот на формулирање на овие сценарија е многу комплициран и долготраен. Тоа вклучува, пред сè, преглед на литературата, а потоа и голем број различни процедури и техники за предвидување на општествените, социјалните, економските, политичките и технолошките фактори кои влијаат на емисијата на гасови на стаклена градина (на пр. големината на населението, нивото на индустријализација, брзина на развој на неразвиените и земјите во развој, степен на глобализација, развој на еколошката свест на општеството, степен на премин кон чисти извори на енергија итн.). Секое сценарио ја отсликува сликата за светот каков што би можел да биде во текот на наредниот век, што потоа се претвора во квантитативна проценка на концентрациите на гасови на стаклена градина во текот на следните 100 години.[3]
Во Третиот извештај на МПКП, биле формирани четири групи на сценарија, од кои секоја опишува еден можен свет во текот на 21 век. Сценаријата се именувани како А1, А2, Б1 и Б2, при што сценаријата од групата А се потпираат во поголема или помала мера на потрошувачката на фосилни горива, додека оние од групата Б се свртуваат кон еколошки извори на енергија и подобро искористување на природните ресурси. Сценаријата од групата 1 подразбираат глобално поврзано општеството и економијата, додека оние од групата 2 се повеќе свртени на регионалниот развој.
Претставува свет кој е глобализиран, со либерализиран пазар и успешен економски развој. Разликата помеѓу богатите и сиромашните земји до крајот на 21 век речиси скоро целосно исчезнува. Општеството е интернационално, а размената на идеи и технологии е интензивна. Степенот на заштеда и посветеност на образованието е многу високо, како и инвестициите и иновациите во образованието и технологијата и развојот на институциите на локално и интернационално ниво.
Го покажува светот кој е поделен на неколку економски региони. Разликата меѓу индустријализираните и земјите во развој не се намалува, а протокот на трговија, развој на економија и технолошкиот развој се значително побавни отколку во претходното сценарио.
Тоа предвидува свет со високо ниво на еколошка и социјална свест. Владите, бизнисмените, медиумите и јавноста посветуваат поголемо внимание на одржливиот развој, а технолошките промени во сето тоа играат многу важна улога. Нивото на економска активност е многу високо, што ја подобрува интернационализацијата на општеството и ја намалува разликата помеѓу развиените и земјите во развој.
Тој го отсликува светот во кој најмногу внимание се посветува на економскиот развој и социјалната еднаквост на луѓето на регионално и локално ниво. И во овој случај, еколошката свест е многу важна за зачувување на природните ресурси, но на регионално ниво.