Такеши Мацуда | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Такеши Мацуда во 2011 година | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични информации | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Целосно име | Такеши Мацуда | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Националност | Јапонија | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден на | 23 јуни 1984 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден во | Нобеока, Мијазаки | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1.84 м | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 83 килограми | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Пливање | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Делфин, краул | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) е јапонски пливач. Тој пливал за Јапонија на Летните олимписки игри во 2004, 2008, и 2012. На игрите во Лондон, тој освоил бронзен медал во дисциплината 200 м делфин со азиски рекорд од 1:52.97. На 12 ноември 2011, Мацуда поставил јапонски национален рекорд со време од 1:49.50 на Светскиот куп на ФИНА на краток курс во дисциплината 200 м делфин. Со тоа, тој станал третиот пливач во историјата кој ја соборил бариерата од 1:50 во дисциплината.[1]
Мацуда почнал со пливањето на 4 годишна возраст во локалниот базен во Нобеока, Мијазаки, Јапонија, релативно рурален град со мала историја во пливањето. Од тогаш, тој тренира со неговиот тренер, Јумико Кузе, која е една од ретките женски тренери во машкото пливање во светот.[2] Таа била пливач во младоста и станала волонтер тренер во локалниот базен.
На Летните олимписки игри 2004 во Атина, Мацуда се пласирал на 8. место во финалето на 400 м краул.
Во финалето на 200 м делфин на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, тој завршил на 3. место и го освоил бронзениот медал. Тој завршил зад Мајкл Фелпс и Ласло Чех, со време од 1:52.97, што претставува азиски рекорд.
На Летните олимписки игри 2012, Мацуда освоил два медали. Тој го одбранил својот бронзен медал на 200 м делфин и пливал во стилот делфин во јапонскиот штафетен тим на 4 x 100 м мешано заедно со Рјосуке Ирие, Косуке Китаџима, и Такуро Фуџи. Тој исто така пливал и на 100 м делфин, каде што го делел шеснаесеттото место во преелиминациите а потоа во препливувањето загубил од Бенџамин Штарк од Германија и не успеал да се пласира во полуфиналето.