Тодор Швракиќ (Приедор, 10 март 1882.[1] — Сараево[2], 5 декември 1931) бил прв школуван сликар на просторот на Босна и Херцеговина.
Роден е во 1882 година во Приедор, во Босна, во сиромашно занаетчиско семејство. На 16 години година заминал во Белград каде ја посетувал приватната сликарска школа на Риста и Бета Вукановиќ. Усовршувањето го продолжил кај Паја Јовановиќ во Виена, и подоцна во Прага и Париз[3].
Се смета за еден од најдобрите српски акварелисти. Изработувал портрети и пејзажи, од кои најпознат е официјалниот портрет на Никола Пашиќ. Отворил своја приватна сликарска школа во Сараево.