Умлена | |
Панорамски поглед на Умлена | |
Координати 41°46′59″N 22°49′59″E / 41.78306° СГШ; 22.83306° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Пехчево |
Област | Малешевија |
Население | 209 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2326 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01014 |
Надм. вис. | 900 м |
Слава | Илинден |
Умлена на општинската карта Атарот на Умлена во рамките на општината | |
Умлена на Ризницата |
Умлена — село во Општина Пехчево, во областа Малешевија, во околината на градот Пехчево.
Селото се наоѓа во областа Малешевија, во западниот дел на територијата на Општина Пехчево, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 880 до 920 метри.[2]
Атарот зафаќа простор од 16,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 713 хектари, на пасиштата отпаѓаат 438 хектари, а на шумите 435 хектари.[2]
Во XIX век, Умлена било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 1 жител на оваа населба е заведен како жртвa во Втората светска војна.[3]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Умлена имало 500 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Умлена имало 600 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[6]
Умлена е средно село по големина, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 643 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 391 жител.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Умлена живееле 354 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 209 жители, од кои 198 Македонци, 2 останати и 9 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 500 | 600 | 611 | 640 | 643 | 593 | 520 | 401 | 391 | 354 | 209 |
Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Робово, во која влегувале селата Мачево, Робово и Умлена.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Умлена се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Црник и Чифлик.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Во селото постои избирачко место бр. 0023 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 231 гласач.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 215 гласачи.[16]
Во населбата Тодоричево, што се наоѓа источно од селото Умлена, на далечина од два километра е пронајден доста вреден сребрен крст. Крстот е во двојна изработка, а на платформата има изгравирано писмо на грчки јазик. Овој крст грижливо се чува во селската црква „Свети Спас“ во Умлена.
|