ФК Охрид

ГФК Охрид
GFK Ohrid
Целосно имеГрадски Фудбалски Клуб Охрид
ПрекариРибари
Основан1921; пред 103 години (1921)
СтадионСРЦ Билјанини Извори
(Капацитет: 3,980)
ПретседателБорче Малезанов
МенаџерНаум Љамчевски
ЛигаВтора македонска лига
2023/24Втора лига, 5. од 16 места
Домашни бои
Гостински бои

ГФК Охридмакедонски фудбалски клуб од Охрид кој моментално игра во Втора македонска фудбалска лига Натпреварите ги игра во сини (домашни) и бели (гостински) дресови. Стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ каде настапува клубот е со капацитет од 4000 гледачи. Препознатливи прекари за ФК Охрид се: „Плаво-Бели“ и „Рибари“ Моментално се натпреварува во Втора македонска фудбалска лига како ГФК Охрид Лихнидос. Клубот е поддржан од навивачката група Рибари Охрид 1989

Историја

[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб Охрид е еден од најстарите фудбалски клубови формирани во Македонија и воопшто на Балканот и е вистински репрезент на фудбалската традиција во Охрид. Почетоците на клубот се од далечната 1921 година кога е формиран тогашниот ОСК Охрид. Под името ФК Охрид се натпреварува од 1946 година кога под тоа име се соединуваат охридските фудбалски клубови: ОСК, ФК Охридски бранови, ФК Југославија, ФК Рашанец и ФК Граѓански. Клубот за првпат во Македонската фудбалска лига, во времето на поранешна Југославија, настапил во 1948 година кога завршил на осмото место. Еден од најзаслужните за развој на фудбалот во Охрид во тоа време бил тогашниот тренер на клубот, инженер Бошко Симоновиќ (селектор на репрезентацијата на Југославија која го освои третото место на светското фудбалско првенство во Уругвај 1930 година). Во 1950 година Охрид бил седми, а една година подоцна во сезоната 1951 година го освоил шестото место во Македонската лига. Клубот се натпреварувал и во купот на поранешна Југославија. Во периодот од 1992 година па навака се натпреварувал во III-та, II-та и 3 сезони (1994/95 - осмо место, 1995/6 - тринаесетто место и 2011/12) во I-та Македонска фудбалска лига. Неколкупати е освојувач на Охридскиот општински куп и има настапи во националниот куп. Во сезоната 1993/94 е освојувач на првенството во II-та Македонска фудбалска лига (запад). Од редовите на ФК Охрид произлегуваат неколку одлични фудбалери кои своевремено биле репрезентативци на поранешна Југославија и Македонија, како што се: Здравко Точко (младински репрезентативец на Југославија), Џевдет Шаиновски, Данчо Целевски, Мирослав Ѓокиќ (репрезентативци на Македонија).

Бр. Позиција Играч
Македонија ГМ Никола Капрически
1 Македонија ГМ Димитри Карамачоски
Македонија ОД Александар Мартиноски
Македонија ОД Дарко Иловски
20 Македонија ОД Љубчо Митревски
Македонија ОД Ѓоко Гредоски
2 Македонија ОД Александар Велески
Македонија ОД Ненад Шопоски
16 Македонија ОД Кристијан Далчески
Македонија СР Јован Китрозоски
Македонија СР Антонио Нически
Бр. Позиција Играч
Македонија СР Дарко Клечкароски
Македонија СР Наум Вељаноски
Македонија СР Душко Дејкоски
Македонија СР Игор Бочески
Македонија СР Наум Џалески
Македонија СР Томче Речкоски
Македонија СР Игор Бочески
Македонија НП Христијан Димоски
Македонија НП Исник Алими
Македонија НП Игор Клечкароски
13 Македонија НП Antonio Kalanoski

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]