Филиповскот Гребен (Filippo Reef) е гребен за кој се верува дека се наоѓа во Тихиот Океан (05°30′S151°50′W / 5.500°S 151.833°W / -5.500; -151.833), односно на 450 километри источно од Старбак во Линиските Острови, Кирибати. За првпат за гребенот проговорил сопственикот на италијанскиот едрилник „Филипо“ на 28 јуни1886 година. Според записи од 1926 година, гребенот е под вода само 0.6 до 0.9 метри,[1] долг 1.6 км и нешто помалку широк. Сепак се верува дека овие податоци се грешни и се верува дека Филиповиот Гребен е фантомски остров.