Христина Ристеска — македонска атлетичарка.
Во дисциплината 400 метри, личен рекорд на Ристеска е 57,47 секунди.[1]
На Европското првенство во атлетика, одржано во Цирих, во август 2014 година, Ристеска го освоила последното место во квалификациите на трката на 400 метри, со време од 57,47 секунди, што било нејзино најдобро време.[2]
Во март 2015 година, Ристеска ја претставувала Македонија на Европското атлетско првенство во сала, кое се одржало во Прага, каде настапила на трката на 400 метри.[1]