Црвениот крст на Јамајка

Црвен крст на Јамајка
Основана8 Април 1948 година
ВидАгенција за помош
Целхуманитарна помош
СедиштеЦентрално Село, Саинт Катерин Париш, Јамајка
МестоЈамајка
Мреж. местоhttps://www.jamaicaredcross.org/

Друштвото на Црвениот крст на Јамајка е агенција за хуманитарна помош во Јамајка.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црвениот крст на Јамајка бил основан во 1948 година како гранка на Британскиот Црвен крст. Во јули 1964 година, Британскиот Црвен крст ја префрлил својата контрола на ново национално друштво, кое во октомври 1964 година било официјално признаено од Меѓународниот комитет на Црвениот крст.[1]

По ураганот Гилберт во 1988 година, Црвениот крст на Јамајка бил значително вклучен во спроведување на помош. Над 2.500 волонтери работеле по 14-часовни смени обезбедувајќи помош. Тие, исто така, имале поддршка од Лигата на друштвата на Црвениот крст, при што дополнителните залихи пристигнувале од нивниот магацин во Панама.[2]

Програми

[уреди | уреди извор]

Друштвото на Црвениот крст на Јамајка е управуван и надгледуван од Централениот Одбор. Мандатот на нејзините членови е две години.[3]

Организацијата имала спроведено различни програми за ублажување на штетите од ХИВ/СИДА во земјата.[4]

  1. „Recognition of the Jamaica Red Cross Society“ (PDF). International Committee of the Red Cross. 1 October 1964. Посетено на 30 March 2024.
  2. Report on the Activities of the IICA Office in Jamaica in Response to Hurricane Gilbert and its Effects on the Agricultural Sector. IICA Office in Jamaica. February 1989. стр. F-9.
  3. „Governance“. www.jamaicaredcross.org. Архивирано од изворникот на 2020-09-23. Посетено на 2020-09-23.
  4. „Jamaica Red Cross“. Ministry of Health & Wellness National HIV/STI/TB Programme. 2020.