Денифл на Трката околу Австрија 2009 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Штефан Денифл | ||
Роден | 22 септември 1987 Фулпмес, Австрија | ||
Висина | 1,79 м | ||
Маса | 65 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување и хронометар | ||
Аматерски клубови | |||
2006 2007–2009 2009 | Предарлскаер Елк Хаус-Симплон Сервело ТестТим (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2010 2011 2012 2013–2016 2017-2018 | Сервело ТестТим Леопард Трек Вакансолел-ДКМ ИАМ Сајклинг Аква Блу Спорт | ||
Значајни победи | |||
|
Штефан Денифл (германски: Stefan Denifl; р. 22 септември 1987 во Фулпмес) — поранешен австриски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално помеѓу 2006 и 2018 година за седум различни професионални екипи.
Во 2019 година, Денифл признал допинг во текот на пет години во неговата кариера и му била доделена четиригодишна забрана од спортот; како последица на ова, Денифл добил двегодишна казна во 2021 година за сериозна трговска измама.
Денифл започнал со велосипедизам во 2001 во екипата Тим Бајк Денифл како планински велосипедист. Во 2003 преминал во друмскиот велосипедизам во екипата Тим ЕАМТК Рехајс Латела. Од 2004 е насочен само на друмскиот велосипедизам. Во 2005 бил земен од Хајко Залцведел во развојната програма на екипата Т-Мобајл. Во 2006 потпишал со континенталната екипа Предарлскаер, а од 2007 до 2009 бил дел од Елк Хаус-Симплон. Во 2009 возел како стажант за Сервело ТестТим,[1] и возел со нив како професионалец следната година. Во 2012 година возел со Вакансолел-ДКМ[2] пред да се приклучи на ИАМ Сајклинг следната година.[3] Во октомври 2016 година, Аква Блу Спорт објавиле дека Денифл, заедно со колегата Ли Хауард, ќе бидат дел од нивниот прв состав за сезоната 2017.[4] Откако Аква Блу се распаднала во летото 2018 година, во октомври истата година Денифл првично бил најавен како член на Ванти-Гобер за следната сезона, меѓутоа во декември 2018 година објавиле дека двете страни заеднички се согласиле да го прекинат договорот поради лични причини, кои не биле наведени во тоа време.[5]
Во февруари 2019 година, весникот „Кронен Цајтунг“ објавил дека бројни професионални велосипедисти биле вклучен во допинг-скандалот откриен на Светското нордиско првенство 2019. Подоцна, Денифл признал за допингот во полиција[6] додека генералниот менаџер на екипата ЦЦЦ, Џим Очовиц, потврдил дека биолошкиот пасош на Денифл немал предупредувачки значи за допинг на крвта.[7][8] Денифл добил четиригодишна забрана на 27 јуни 2019 година.[9] На 12 јануари 2021 година било објавено дека Денифл ќе добие двегодишна затворска казна за измама.[10] Следната година, првобитната казна била поништена и предметот се вратил на повторно судење.[11]
Голема трка | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | 75 | — | — | — | — | |
Тур | не настапил во текот на својата кариера | |||||||
Вуелта | СО | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
„Штефан Денифл“ на Ризницата ? |