Економија на Србија |
---|
Преглед |
Сектори |
Поврзани теми |
|
Српската автомобилска индустрија — еден од најважните индустриски сектори и изнесува околу 15% од индустриското производство на земјата и 18% од вкупниот извоз (се очекувало да достигне 2 милијарди долари во 2013 година)[1]
.
Српската автомобилска индустрија има свои корени од самиот почеток на XX век, кога, поточно, во 1904 година, индустрискиот воен комплекс „Застава“ започнала да работи за поправка на автомобили и производство на одредени делови. Во 1939 година,„Застава“ започнало со монтажа на камиони од Шевролет. Производството завршило со почетокот на Втората светска војна. До 1941 година во фабриката во Крагуевац биле произведени 400 воени камиони од Шевролет, а автомобилскиот дел од индустрискиот комплекс „Застава“ вработувал 12.000 работници[2].
Во 1953 година, на стогодишнината на компанијата, „Застава“ потпишала договор со италијанскиот производител Фијат за започнување со производство на неколку модели под лиценца, вклучувајќи камиони, патнички автомобили, трактори и тешки возила[2]. Во 1955 година започнало производството на она што стана најпопуларниот модел, Застава 750, од која биле произведени вкупно 923.487 произведени единици. Во 1965 година, Застава започнала да извезува во странство. Во САД биле увезени над 140.000 возила на Застава. Во 1989 година, Застава произвела рекордни 230.570 единици. Сè на сè, Застава произвела повеќе од 4 милиони возила помеѓу 1953 и 2001 година, а се извезувало во 74 земји, со што Крагуевац станал центар на автомобилската индустрија на Србија и цела Југославија. Сепак, објектите на индустрискиот комплекс Застава биле силно оштетени за време на бомбардирањето на НАТО во СР Југославија во 1999 година[2].
Денес автомобилската индустрија е еден од најистакнатите сектори во Србија, кој учествува со речиси 10% од вкупниот број на странски инвестиции во Србија од 2000 година. 27 меѓународни инвеститори инвестирале речиси 1,5 милијарди евра во овој сектор, создавајќи повеќе од 19.000 работни места. Српската автомобилска индустрија ги снабдува речиси сите поголеми европски и некои азиски производители на автомобили[3].
Изработката на делови е најистакнато во индустријата. Компонентите на електричниот систем, една доминантна производна група со акумулатори и инсталации за жици се најважни производи. Исто така постои и производството на моторни компоненти и машински делови, дискови за сопирачки, вентили и замаеници.
Меѓу овие производствени компании се: Тигар Тирс, Леони Системи, Корпорацијата Јура, Cooper Tire & Rubber Company, Трајал Корпорација и ИГБ Автомобилство.
Автобуска индустрија Крагуевац (АИК), во соработка со белорускиот производител на камиони и автобуси МАЗ, започнал да произведува до крајот на 2000-те и тоа автобуси со гас, со име БИК-203, кои се засноваат на платформата на моделот МАЗ-203[4][5]. Овие автобуси се испорачуваат во неколку српски градови кои се користат во јавните транспортни компании.
Во 1952 година била основана Фабрика за автомобили Прибој (ФАП), а една година подоцна се произвеле првите камиони врз основа на лиценца од Сауер. Во 1970 година ФАП го потпишал договорот за производство, техничка и финансиска соработка со Дајмлер-Бенц. Во 1978 година ФАП ја започнал својата соработка со Военотехничкиот институт Белград и започнал да развива и произведува специјални воени возила. Од 2010 година, ФАП има воено-ориентирана и силно ограничена продукција.
Во 2008 година, Фијат влегол во заедничко вложување со Република Србија, основајќи ја ФКА Србија или Фијат Крајслер Автомобили Србија. Во овој период интензивно бил реновиран и преобликуван поранешниот објект на фабриката Застава, а денес таму се произведува произведува Фијат 500L[6][7], со годишен капацитет од 85.000 автомобили (од 2016 година)[8].
Икарбус е производител на автобуси со седиште во Белград. Компанијата е основана во 1923 година како производител на авиони. По Втората светска војна компанијата била национализирана, а двајца други српски производители на авиони, Рогожарски и Змај, биле споени во Икарбус. Меѓутоа, во текот на 1950-тите најголем дел од инфраструктурата на фабриката за авиони биле преместени во СОКО, и оттогаш Икарбус целосно се фокусирал на автобуско производство, прво под лиценца, првично со Sauer и МАН СЕ, а подоцна и со сопствени дизајни на компанијата. Во 1992 година компанијата била приватизирана, но поради спорот со името со унгарскиот производител на автобуси Ikarus Bus, го променила името во Икарбус.
Како дел од претпријатието Застава во Крагуевац, ТЕРВО било формирано на 1 септември 2017 година со сите фиксни и тековни средства на Застава вклучувајќи ги и повеќето поранешни вработени[9]. Произведува теренски возила за воена и цивилна употреба и оклопни кабини и делови за воени возила.
ИДА-Опел бил производител на автомобили со седиште во Кикинда, кој произведува модели на Опел под лиценца помеѓу 1977 и 1992 година. Биле произведени 38.700 возила. Производството било прекинато поради почетокот на југословенските војни и наметнувањето на економските санкции на ОН кон СР Југославија.
ИМК 14-ти октобар Крушевац е компанија специјализирана за производство на тешки машини и опрема. Со седиште во Крушевац, ги одржува производствените капацитети во Варварин, Брус и Ражањ. Компанијата е основана и во 1923 година и прогласила банкрот во јануари 2016 година.
Индустрија за Мотори Раковица бил производител на трактори со седиште во Раковица, Белград. Основана во 1927 година, компанијата била затворена во 2015 година.
Индустријата за машини и трактори (ИМТ) произведува трактори и земјоделски машини од 1950-тите. Во 2016 година паднала стечајна постапка[10] Се очекува производството да се реактивира.[11].
Необус бил производител на автобуси со седиште во Нови Сад. Основана во 1952 година, компанијата тесно соработувала со словенечкиот производител ТАМ. Во 1992 година, со независноста на Словенија, соработката завршила, а „Автокаросерија“ станала независен производител на автобуси и го променила своето име во Необус. Во 2012 година Необус влегла во банкрот.
Групацијата Застава со својата главна компанија Затава Автомобили, е српски производител на автомобили, основана во Крагуевац, СФР Југославија во 1953 година како наследник на југословенски производител на камиони. По неколкудецениското производство на бројни патнички и комерцијални возила под лиценца на Фијат, во 1980-тите, Застава започнала со производство на сопствени модели, како што се Југо и Југо флорида дизајнирани од Џорџето Џуџаро. Заставава го завршила производството во 2008 година, а во 2017 година, компанијата прогласила банкрот.
Во 2008 година, седиштето и објектите на Застава биле обемно реновирани и модернизирани кога биле преземени во заедничко вложување со Република Србија и Фијат, и на крајот станале познати под името ФКА Србија.