Религијата во Тунис има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Според уставот на Тунис, исламот е прогласен како официјален на територијата на целата земја, и се бара претседателот да биде муслиман. Сепак, во земјата се почитуваат и негуваат и останатите религии, каде според уставот се гарантира слободата на нечија религија.[1]
Мнозинството од населението во Тунис (98%) се муслимани, 1% го следат христијанството, а остатокот (1%) се придржуваат кон јудаизмот или други религии[2]. Меѓутоа, не постојат сигурни податоци за бројот на муслиманите. Тунис има прилично голема христијанска заедница од околу 25.000 приврзаници, главно католици (20.000) и во помал степен протестанти. Јудаизмот е трета по големина религија со 1.500 членови. Една третина од еврејската популација живее во и околу главниот град. Остатокот живее на островот Џерба, каде што еврејската заедница датира од пред 2.500 години[1].
Исламот во земјата бил донесен во времето кога овие територии биле освоени од страна на Омејадите (661-750)[3]. Омејадите го основале првиот исламски град во Северна Африка, Керуан, каде што во 670 година била изградена Големата џамијата[4]. Оваа џамија е најстарото и најпрестижното светилиште на муслиманскиот запад со најстарото минаре во светот[5], а исто така џамијата се смета и за ремек-дело на исламската уметност и архитектура[6]. Универзитетот и џамија бил основан во 703 година и станал еден од најпрестижните во околината[7].
Денес, мнозинството граѓани на земјата се муслимани[8] . Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Маликиската школа, под влијание на суфизмот. Исто така има и мал број на муслимански Ибадити, најчесто кај берберското население на островот Џерба.
Владата ги контролира и субвенционира џамиите и ги плаќа платите на верските водачи. Претседателот го назначува Големиот муфтија на Републиката. Законот за џамии од 1988 година предвидува дека единствениот персонал назначен од владата може да води активности во џамии и предвидува дека џамиите мора да останат затворени, освен за време на молитвата и други овластени религиозни церемонии, како што се склучување на бракови или погреби. Нови џамии можат да се градат во согласност со националните прописи за урбанистичко планирање. Сепак, по завршувањето, тие стануваат сопственост на владата.
Постои мала домородна муслиманска заедница од суфискиот ред, но нема статистички податоци за нејзината големина. Според некои извори голем дел од суфистите ја напуштиле земјата кратко време по независноста кога нивните верски објекти и имоти биле вратени под контрола на владата. Постои мала домородна „марабутична“ муслиманска заедница која припаѓа на духовните братства познати како „турук“.
Христијанската заедница, составена од домородните берберски жители, Тунижани од италијанско и француско потекло, и голема група родени државјани со арапско потекло, бројат 25.000 и се распрснати низ целата земја[8]. Од крајот на 19 век до после Втората светска војна, Тунис претставувал дом на голем процент на христијанско население од француско и италијанско потекло (255.000 во 1956)[9], иако скоро сите од нив, заедно со еврејското население заминале по независноста на Тунис.
Денеска во земјата живеат околу 20.000 католици. Римокатоличката црква во Тунис, која ја формира Архиепископијата во Тунис, има 12 цркви, 9 училишта, неколку библиотеки и 2 клиники. Покрај одржувањето верски услуги, Католичката црква отворила манастир, слободно организирана културни активности и извршува добротворни активности низ целата земја. Според црковните водачи, постојат 2.000 протестантски христијани, вклучувајќи и неколку стотини граѓани кои се преобратиле во христијанство. Руската православна црква има околу 100 членови. Реформираната црква на Франција одржува црква во Тунис, со собрание од 140 главно странски членови. Англиканската црква има црква во Тунис со неколку стотина претежно странски членови. Постојат 50 адвентисти на седмиот ден. Грчката православна црква од 30 члена одржува 3 цркви.
Јудаизмот е трета најголема религија во земјата со 1.500 членови. Една третина од еврејското население живее во и околу главниот град и потекнува претежно од израелски и шпански имигранти. Остатокот живее на островот Џерба, каде што еврејската заедница датира од пред 2.500 години.
Бахајството во Тунис започнало околу 1910 година[10] кога првиот водач пристигнал од Египет.[11][12] Во 1963 година истражувањето на заедницата броело 1 собрание и 18 организирани групи[13]. Проценките на американскиот Стејт департмент за 2001 година ја споменуваат заедницата на околу 150 лица[14]. Меѓутоа, Здружението на податоци за религиозни податоци и неколку други извори укажуваат на над 1.000 верници во земјата [15][11][16]
|journal=
(help); |contribution=
е занемарено (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
|