Јоргос Папуљас Γεώργιος Παπούλιας | |
---|---|
Министер за надворешни работи | |
На должноста 12 октомври 1989 – 23 ноември 1989 | |
Претходник | Цанис Цанетакис |
Наследник | Антонис Самарас |
На должноста 16 февруари 1990 – 11 април 1990 | |
Претходник | Антонис Самарас |
Наследник | Антонис Самарас |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1927 |
Националност | Грк |
Установа | Атински универзитет |
Професија | правник, политичар |
Вероисповед | Грчка Православна црква |
Јоргос Папуљас (грчки: Γεώργιος Παπούλιας, 1927 - 11 септември 2009) бил грчки политичар и дипломат. Во текот на 1989 и 1990 година бил Министер за надворешни работи на Република Грција.
Папуљас дипломирал на Правниот факултет во Атина. Во политичкиот живот во Грција влегол во 1955 година. Во 1971 година тој станал амбасадор во Франција. По падот на грчката воена хунта во 1974 година, тој станал постојанен претставник на Грција во ООН, и на таа функција се задржал до 1979 година. По ова, тој бил амбасадор на Грција во Анкара, Турција, а по 1983 година, во Вашингтон[1] .
Починал на 11 септември 2009 година.