Јошка Миленковски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Јошка Миленковски | ||
Роден на | 11 ноември 1960 | ||
Роден во | Крушево, СФРЈ | ||
Младинска кариера | |||
ОК Нико Доаѓа | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
ОК Нико Доаѓа | |||
ОК Вардар | |||
ОК Работнички | |||
ОК Струмица | |||
Репрезентација | |||
Македонија | |||
Тренер на екипи | |||
ОК Работнички | |||
ОК Нико Доаѓа | |||
ОК Нико Доаѓа | |||
ОК Борец | |||
Македонија | |||
Турција | |||
ОК Мили Пијанго | |||
ОК Зираат Банк | |||
ОК Сфакс |
Јошка Миленковски (роден на 11 ноември 1960 година во Крушево) — македонски одбојкар, тренер и универзитетски професор.[1] Миленковски е најтрофејниот македонски спортски тренер во сите категории, со вкупно 28 трофеи во Македонија, од кои 15 во првенствата на Македонија со Работнички Фершпед, 13 купа, од кои 12 со Работнички и еден со Борец Универзал промет. Учесник со четири екипи на четири фајналфор-турнири во Купот на ЦЕВ со Работнички Фершпед, Будванска Ривиера, Мили Пијанго и Зираат банк (2. место), втор во Купот на арапските земји со Сфакс[2].
Јошко Миленковски е роден на 11 ноември 1960 година во Крушево. Пред да ја започне својата одбојкарска кариера, Миленковски бил фудбалер каде ги поминал сите младински категории но поради повреда решил да започне да се занимава со одбојка во локалниот клуб ОК Нико Доаѓа. Со оваа екипа станал вицешампион на Македонија на завршниот турнир што се одржал во Крушево. На државното првенство во Љубљана, клубот го освоил шестото место. Во следниот период бил повикан во Младинската репрезентација на Македонија, каде земјата настапувала на Купот на Републиките и покраините и на Партизанската олимпијада во Фоча. По крајот на турнирот Миленковски бил забележан од ОК Вардар, каде тренер во тоа време бил полскиот стручњак Вацлав Бучински.
Во екипата на Вардар и покрај големата конкуренција успеал да се наметне кај тренерот. Во меѓувреме станал капитен на младинската репрезентација на Македонија и младински репрезентативец на Југославија. Учествувл на Балканијадата во Букурешт во 1980 година, каде го освоил третото место. Во исто време се запишал на Факултетот за физичко образование каде катедрата по одбојка ја водел големиот стручњак Димитар Циев, со кој . подоцна како негов ментор развил голема соработка. Димитар Циев по осамостојувањето на Македонија станал првиот селектор на Македонија, а Миленковски прв тренер.
Завршил Факултет за физичка култура во Скопје во 1984 година. По дипломирањето во 1984/1985 година работел како професор по физичко воспитување во скопските гимназии „Јосип Броз Тито“ и „Орце Николов“. Во 1987 станал асистент на професорот Циев, потоа магистрирал на истиот факултет во 1995 година на тема: „Релации помеѓу некои когнитивни, базични моторички и ситуациономоторички способности кај одбојкарите од Првата македонска лига“ и докторирал во 1999 година на тема:„Релации и разлики на некои когнитивни, специфично-моторни способности, конативни одлики и ситуационо-моторичкото знаење кај одбојкарите од плеј-оф и плеј-аут натпреварите на Македонија 1997–1998 г.“. Во 1987 година се вработил на Факултетот за физичка култрура асистент, а потоа станал вонреден професор по предметот одбојка.
Во текот на својата играчка кариера, Миленковски бил одбојкар во ОК Нико Доаѓа од Крушево (1976–1978) и ОК Вардар од Скопје (1978–1983). Тренер на Одбојкарскиот клуб Работнички во Скопје (од 1994), со кој повеќепати го освојувал првенството на Македонија и успешно се натпреварувал во Купот на европските шампиони. Успешен и како селектор на Репрезентацијата на Македонија. Неколкупати бил прогласуван за најдобар спортски тренер и селектор во Македонија. Објавувал стручни и научни трудови.
|date=
(help)