Андре Стил | |
---|---|
![]() | |
Роден/а | 1 април 1921 Нор, Франција |
Починат/а | 3 септември 2004 Камела, Франција |
Занимање | драматург, писател |
Државјанство | Французин |
Жанр | Фикција |
Книжевно движење | Социјалистички реализам |
Андре Стил (француски: Jean Giraudoux, роден на 1 април 1921 во Нор - починал на 3 септември 2004 во Камела) — француски писател и публицист
Андре Стил е роден на 1 април 1921 во северниот дел на Франција, во малиот рударски град Ергие. Стил своето образование го добил на Универзитетот во Лил. Студирал филозофија. Тој предавал на Универзитетот од 1941 до 1944 година. Во 1940 година станал член на Комунистичката партија. До 1949 година бил главен секретар на „Liberté“ и уредник на „Ce Soir“. Работел како уредник на „Humanité“ до 1959 година.
Во почетокот на 1949 година тој објавил околу педесет тома, вклучувајќи главно социјалистички романи, раскази и стихови. Со поддршка од Луј Арагон, тој добил Државна награда на СССР за трилогијата „Првиот удар“ (1951 - 1953).