Борка Павиќевиќ (Котор, 5 јуни 1947[1] — Белград, 30 јуни 2019)[2] — српска драмска писателка, театарска режисерка, новинарка и активистка.
Борка Павиќевиќ била родена во Котор во 1947 година. Како дете се преселила во Белград и таму ги завршила основното образование, гимназијата, а подоцна и Академијата за театар, филм, радио и телевизија. Дипломирала во 1971 година, а во 1976 година, на истиот факултет ги завршила и магистерските студии.
Основоположник е на театарот „Нови сензибилности“, во старата белградска пивара, во 1981 год; поддржувач е на либерализмот и пацифизмот.[3]
Од 1984 до 1991 година учествувала во уметничкото движење "КПГТ". Во почетокот на 1990-тите години, била уметнички директор на Белградскиот драмски театар, кое место го напуштила поради политички недоразбирања.[4]
Павиќевиќ била драматург во Атеље 212, БИТЕФ,[5] а од 1994 година го водела Центарот за културна деконтаминација, Павиљон Вељковиќ, и била ко-основоположник на невладината организација Белградски круг.[6][7]
Павиќевиќ се занимавала и со публицистика. Пишувала колумни во повеќе весници: Сусрет, НИН, Књижевне новине, а сега пишува за весникот Данас.
Центарот за културна деконтаминација, кој таа го основала, има организирано повеќе од 5000 настани, изложби, протести и предавања. Била потпишувач на декларацијата Движење за граѓански отпор, во 2012 г., и е соавтор на книгата „Белград мој Белград“.[8]
Се појавила и во два документарни филма „The Weight of Chains 2“ и „Лауш“.
Павиќевиќ има освоено бројни награди:[9][10][11]
|archive-date=
(help)