Васил Тупурковски | |
---|---|
Потпретседател на Владата на Република Македонија | |
На должноста 1998 – 2000 | |
Претседател | Љубчо Георгиевски |
Претседател на Демократска алтернатива | |
На должноста | |
Стапил Март 1998 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 8 април 1951 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | Демократска алтернатива |
Вероисповед | Православен христијанин |
Васил Тупурковски, познат и под прекарот Циле (Скопје, 8 април 1951) ― професор по меѓународно право, основач и претседател на поранешната политичка партија Демократската алтернатива, долгогдишен и поранешен претседател на Македонскиот олимписки комитет.
Дипломирал на Правниот факултет во 1972 година, а следната година завршил постидпломски студии по меѓународно јавно право на Мичигенскиот универзитет во САД, додека во 1976 година докторирал на меѓународно право[1].
Од 1983 година работи како редовен професор по меѓународно право на Правниот факултет во Скопје. Васил Тупурковски денес е член на стручни меѓународни организации во сферата на меѓународното право и е предавач во повеќе од 60 земји.
Автор е на низа трудови од областа на меѓународното право, како и од историјата на Античка Македонија. Бил претседател на ССМЈ, како и член на Претседателството на СФРЈ, на Претседателството на ЦК СКЈ и на ЦК СКМ. Тупурковски е актуелен претседател на Македонскиот олимписки комитет, како и претседател на Асоцијацијата на балканските национални олимписки комитети и директор на Агенцијата за обнова и развој.
|