Везник Άγιο Πνεύμα | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°06′N 23°40′E / 41.100°N 23.667°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски округ |
Општина | Довишта |
Општ. единица | Довишта |
Надм. вис. | 334 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 1.954 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Везник (грчки: Άγιο Πνεύμα, Валтотопи)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Селото се наоѓа на 23 километри источно од градот Сер и на 3 километри северозападно од Довишта.
Селото се наоѓа на надморска височина од 334 метри.
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 177 семејства со 30 жители Турци и 400 Грци[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 125 жители Турци и 1120 Грци[4]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1380 Грци[5], и функционирало грчко училиште.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1693 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1616 жители[6].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1930 година, селото било преименувано во Агион Пневма[7].
|