Владимир Луков (Ценово, Русенско, Бугарија, 2 јуни 1949) е бугарски поет.
Луков е роден е на 2 јуни 1949 година во село Ценово, Русенско, Бугарија. Потомок е на депатрираната фамилија Чипови од Егејска Македонија (село Пателе, Леринско). Завршил географија и филозофија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Работи како предавач по географија на Техничкиот универзитет од Софија, во филијалата во градот Правец. Поезија пишува и публикува од 1969 година. Како поет е претставуван во бугарски, француски и македонски списанија за литература и е застапуван во антологии. Бугарската литературна критика ја дефинира неговата поезија како „филозофска, енигматична“. Добитник е на почетна грамота и награда за поезија на Сојузот на слободните писатели во Бугарија - „Народни будители – 2006“. Неговото име е содржано во следневе публикации: Кој е кој во бугарската култура, Кој е кој во Бугарија и Атлас на бугарската литература. Член е на Сојузот на слободните писатели во Бугарија.