Долна Бањица | |
Куќи во Долна Бањица | |
Координати 41°47′9″N 20°54′21″E / 41.78583° СГШ; 20.90583° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | 3.138 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1233 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 539 м |
Долна Бањица на општинската карта Атарот на Долна Бањица во рамките на општината | |
Долна Бањица на Ризницата |
Долна Бањица (турски: Aşağı Banisa) — населба во Гостивар. Се наоѓа во Горен Полог, а до 2004 година била седиште на истоимената Општина Долна Бањица, која била споена со Општина Гостивар. Се наоѓа југозападно од градот Гостивар.
Долна Бањица е населба во склоп на градот Гостивар и припаѓа на неговата урбана зона. Се наоѓа на надморска височина од 543 m, и е една од најмирните населби во градот. До новата територијална поделба Долна Бањица функционирала како посебна општина.
Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Долна Бањица е позната по производството на кромиди и по познатиот Бањички домат јабучар.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долна Бањица живееле 786 жители, од кои 615 Турци, 155 Македонци и 16 Роми.[3] По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долна Бањица имало 120 Македонци, од кои 72 патријаршист и 48 под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Долна Бањица е центар на општина од 4 села во Горнополошиот срез и има 142 куќи со 731 жител, Турци, Македонци и Роми.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Турци и 150 Македонци.[6]
Селото е големо и во 1961 година броело 1.498 жители, од кои 325 биле Македонци, 240 Албанци, 898 Турци, 8 Срби и 27 останати, а во 1994 година бројот се зголемил на 5.408 жители, од кои 1.150 Македонци, 2.810 Турци, 1.236 Албанци, 189 Роми, 14 Срби и девет други.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, населбата имала 4.356 жители, од кои 355 Македонци, 1.524 Албанци, 2.444 Турци, 9 Роми, 1 Србин и 23 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, населбата има население од 3.138 жители, од кои 391 Македонец, 1.166 Албанци, 1.254 Турци, 14 Роми, 1 Србин, 5 останати и 307 лица без податоци.[8]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Долна Бањица:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.168 |
1953 | 264 | 939 | 218 | 13 | — | 9 | ... | 2 | — | 1.445 |
1961 | 325 | 240 | 898 | ... | ... | 8 | ... | 27 | — | 1.498 |
1971 | 656 | 729 | 1.074 | — | ... | 15 | ... | 10 | — | 2.484 |
1981 | 1.405 | 1.540 | 1.234 | 136 | — | 27 | ... | 45 | — | 4.387 |
1991 | 1.211 | 147 | 1.252 | 148 | — | 18 | ... | 22 | — | 2.698 |
1994 | 1.150 | 2.810 | 1.236 | 189 | — | 14 | ... | 9 | — | 5.408 |
2002 | 355 | 1.524 | 2.444 | 9 | — | 1 | — | 23 | — | 4.356 |
2021 | 391 | 1.166 | 1.254 | 14 | — | 1 | — | 5 | 307 | 3.138 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Долна Бањица е мултиетничко, автохтонотo турско село заедно со албанско-македонско население, едно од поголемите во Гостиварско, кое веќе претставува населба.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Во селото постојат избирачките места бр. 510, 510/1, 511, 511/1, 517, 518, 518/1, 519 и 519/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и основното училиште во населба циглана гостивар.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 6.535 гласачи.[11]