Жерар Клајн | |
---|---|
Роден/а | 27 мај 1937 Франција |
Занимање | писател |
Државјанство | Французин |
Жерар Клајн (француски: Gérard Klein, роден на 27 мај 1937) — француски писател, книжевен критичар, уредник и писател на дела во жанрот научна фантастика. Пишувал под псевдонимот Жил д'Аржир, Марк Стар и Франсоа Пажери.
Жерар Клајн е роден на 27 мај 1937 година во Неји сур Сен, Франција. Татко му работел во Централната банка на Франција.
Завршил социјална психологија во Институтот за психологија на Сорбона и економија на Институтот за политички науки во Париз. По дипломирањето бил мобилизиран две години во армијата за време на војната во Алжир.
Во периодот 1963-1979 година работел во универзитетската издавачка куќа „Sedes“ кон одделот за економски истражувања на парични депозити и консигнација, главно на теми за економијата на урбанизмот и оптимизација. Во периодот 1980-1987 година бил економски советник за парични депозити во „Foresight“. Од 1969 година бил уредник на издавачката куќа „Робер Лафон“ за научно фантастични антологии, а во периодот 1974-1985 година учествувал во составувањето на „Големата антологија на научната фантастика“.
Своите раскази ги објавувал во списанијата „Galaxie“ и „Fiction“ од 1955 година. Во 1958 година бил издаден неговиот прв роман „Embûches dans l'Espace“ (Вселенски стапици) со Ричард Чоме и Патрик Ронар, и самостојниот роман „Le Gambit des Étoiles“ .