Историја на Руската православна црква

Патријарх на Москва и цела Русија

Основач апостол Андреј, Владимир Велики
Независност 1448
Признавање како посебна патријаршија во 1589 година, од страна на Цариградската патријаршија
Поглавар Патријарх Кирил I
Седиште Москва, Русија
Територија Русија, Украина, Белорусија, Казахстан и некои советски републики
Власт САД, Канада, Велика Британија, Австралија, Кина
Јазик Црковнословенски јазик
Верници 125,000,000
Портал Руска Православна црква

Руската православна црква (руски: Русская Православная Церковь) е автокефална национална црква во Русија со ранг патријаршија.

Основање

[уреди | уреди извор]

Традиционално се смета дека Руската православна црква била основана од страна на апостол Андреј, при неговата посета на Скитија и на грчките колонии по должината на северното крајбрежје на Црно Море. Според една од легендите, Свети Андреј пристигнал во градот Киев и ги удрил темелите на идниот голем христијански град[1][2]. На местото каде што тој, наводно подигнл крст, денеска се наоѓа катедрала посветена на апостолот.

Христијанизација на Киевска Русија

[уреди | уреди извор]

Една од најголемите мисии на Цариград се спровела врз земјите на тогашната Киевска Русија, од која подоцна биле создадени современите држави Украина, Белорусија и Русија. Христијанството во Киевска Русија било воведено од страна на взантискит мисионери од Византија во текот на 9 век. Во текот на 863-869 година, Свети Кирил и Методиј ја превеле Библијата на старословенски јазик, отворајќи го патот за покрстување на Словените. Постојат докази дека првиот христијански владика бил испратен во Новогород од страна на Цариград и тогашниот патријарх Фотиј I Цариградски или Игнатиј I Цариградски во 866-867 година.

До средината на 10 век на територијата на Киевска Русија веќе опстојувала христијанска заедница помеѓу киевското благородниство, под водство повторно на византиски мисионери, кои испраќале свои свештеници, и покрај тоа што паганството останала доминантна религија во земјата. Првиот владетел кој го прифатил христијанството во земјата била принцезата Олга Киевска, и тоа во 945 или 957 година. Следувал династички брак помеѓу Владимир I и византиска принцеза. Земјата по овој настан го одбрала византискиот обред. Сепак комплетната христијанизација на земјата се случила во 10 век, односно од крајот на 980 година кога кнезот Владимир. Киевска Русија одиграла голема улога за воведувањето на православното христијанство[3], издвојувајќи ја византиската од словенската култура. Христијанството, официјално било воведено во 988 година, односно по официјалното крштевање на Кнезот Владимир.[4] Овој датум се смета за официјален роденден на Руската Православна црква.

Монголско владеење

[уреди | уреди извор]

Во времето кога Русија била под владеење на Монголското Царство во текот на 13 век, руската црква уживала повластена позиција, која во 1270 година резултирала со добивање на имунитет во земјата. Во овој период во голема мера се зголемило монаштвото. Манастирот на пештерите во градот Киев бил основан во средината на 11 век од страна на учениците на Антониј Печерски и Теодосиј Печерски. Овој христијански храм станал еден од најголемите религиозни центри во земјата, покрај манастирот Света Троица во Москва кој бил основан во 14 век од страна на Сергеј Радонешки. Сергеј придонел во зголемување на моќта на Московското Кнежевство.

Во текот на 15 век, Руската црква одиграла значајна улога во опстанокот на руската држава. Сергеј Радонешки и Алексеј Киевски и помогнале на земјата, која се наоѓала под татарско угнетување, зголемувајќи ја економската и духовната моќ на земјата.

На Фирентинскиот собор во 1439 година, римокатоличките и православните црковни водачи се согласиле на условите за повторно обединување на црквата. Василиј II Московски сепак ја отфрлил можноста Римокатоличката црква да се соедини со источното православие. Ова се случило на соборот од 1452 година. Поради своите позиции, митрополитот Исидор Киевски бил протеран од својата позиција и прогласен како отпадник на православието.

Во 1448 година, Руската црква добила независност од Цариградската патријаршија, кога група од епископи го избрале својот митрополит Јона за свој патријарх. На тој начин црквата во Русија ја добила својата автокефалност. Митрополитот Јона Московски ја добил титулата Митрополит на Москва и цела Русија. Тој исто така го добил и петтиот чин во патријаршиите на истокот, по оние во Цариград, Александрија, Антиохија и Ерусалим. Пет години подоцна, Цариград паднал во рацете на Османлиите. Од тој момент, Руската Православна црква како и голем дел од православниот дел, својата престолнина Москва започенале да ја нарекуват Трет Рим, титула како легитимен наследник на онаа во Цариград.

Промени и реформи

[уреди | уреди извор]

Во време на владеењето на Иван III Василевич, се појавиле бројни ереси во земјата, од кои најголем подем земало оној на Нил Сорски. Неговата фракција повикала на секуларизам на монашките семејства. Од друга страна пак, црковната сопственост и имот бил во голема мера бранет. Во текот на 1489 година, архиепоскопот Генадиј започнал борба против кривоверците и побарал од страна на ростовскиот епископ помош да добие од Нил Сорски и Пасиј Јарославов, кои живееле во неговата епархија. На соборот од 1490 година, Нил се противал на смртната казна за кривоверците. Сепак, неговиот приговор не бил усвоен. Бил прифатен предлогот на Јосиф.

Монашкиот живот во Русија доживеал вистински бум, фокусирајќи се на молитва и духовно растење. Учениците како Свети Сергеј на пример, го напуштиле манастирот во Москва и основале стотици такви по територијата на земјата. Некои од најпознатите манастири се наоѓаат на северниот дел од земјата.

17 век се покажал како еден од најтешките во историјата на Русија. Полјаците и Швеѓаните извршиле инвазија врз Русија од нејзината западна страна. Сепак, одбраната на манастирот Света Троица бил детално опишан во хрониката на руската држава и црква. Главниот настан во текот на 17 век бил големиот раскол во црквата, во кој т.н. Стари верници се одделиле од црквата како резултат на несогласувањата на црковните реформи на патријархот Никон Московски. Во текот на овој период, тие биле протерувани од Русија. Во текот на истиот век, руската црква била задолжена за воведување на исправки во своите книги и обреди. Голем придонес за ова имал Никон.

Експанзија

[уреди | уреди извор]

Во доцниот 17 и почетокот на XVIII век, Руската православна црква доживеала големо феографско проширување. Голем број на верници и епархии биле ставени под административна заштита на руската црква. Во следните години мисионерството на руската црква продолжило кон деловите на Сибир и Алјаска, а подоцна и во САД. Во 1700 година, по смртта на Адријан Московски, Петар Велики забранил да биде именуван негов наследник. Така, во 1721 година бил формиран нов синод, кој со црквата управувал до 1918 година. Овојм период од историјата на руската црква е познат ако синодски период, кога руската црква посебно внимание обрнала на верското образование и мисиите во провинциите. Старите цркви биле обновени, а биле изградени и голем број на нови. Во овој период голем замав земал и старчеството на чело со Паисиј Величковски во манастирот Оптина.

Руска револуција

[уреди | уреди извор]

Во 1914 година во Русија имало 55.173 руски православни цркви и 29.593 капели, 112.629 свештеници и ѓакони, 550 манастири и 475 манастири, со вкупно 95.259 монаси и монахињи. Годината 1917 била пресвртна точка во историјата на Русија и руската православна црква. Руската Империја била распуштена а царот бил погубен. Во тоа време, сите привилегии кои ги поседувала црквата и биле одземени. Во октомври 1917 година, власта била зазедена од страна на Болшевиците. За првпат во историјата на црквата, таа останала без официјална државна поддршка. Еден од првите укази на новата комунистичка власт била намалувањето на моќта на црквата.

Комунистичко владеење

[уреди | уреди извор]

Иако Советскиот Сојуз бил официјално секуларна земја, сепак го поддржувал атеизмот. Во земјата најголемиот дел од населението биле христијани и муслимани. Државата била одвоена од црквата. Две третини од советската популација, сепак, не била религиозна. Официјалните проценти околу бројот на религиозни верници до 1989 година не биле познати. Поголем дел од населението биле атеисти односно нерелигиозни, особено членовите на Комунистичката партија и другите владини позиции. Атеизмот бил во голема мера истакнат во училиштата, а државата во голем дел од случаите ги потиснувала религиозните водачи.

Христијаните припаѓале на различни цркви: Православие, кои биле најбројни, Католици и други протестантски деноминации. Црквата била на некој начин забранета во СССР. Самиот Ленин изјавил дека не постоело место за црквата во Болшевичкото општество. СССР била една од првите држави чија цел била елиминирање на религијата. За да ја постигне таа цел, комунистичкиот режим честопати конфискувал црковни имоти, го вовел атеизмот во училиштата, ги прогонувале верниците, свештениците биле испраќани по затворите и биле рушени многу цркви. Така, по пет години од револуцијата, 28 епископи и 1200 свештеници биле погубени. Во периодот од 1927 до 1940 година, бројот на православните цркви се намалил од 29.584 на 500, 130.000 свештеници биле уапсени од кој 95.000 убиени.

Во времето кога Нацистичка Германија го нападнала СССР во 1941 година, Јосиф Сталин ја повикал Руската православна црква да ја подкрепи руската армија. Така, од завршувањето на војната до 1957 година, 22.000 руски православни црква биле повторно активирани. Никита Хрушчов ја започнал својата кампања против црквата, и околу 12.000 цркви биле затворени. Веќе во 1985 година, во СССР останале само околу 7.000 активни цркви. Многу од членовите на црквата биле во голема приврзаност со КГБ.

Црквата денес

[уреди | уреди извор]

Православното христијанство денеска е најголемата религија во Русија. Верата е сметена за дел од руското "историско наследство" според законот донесен во 1997 година.[5] Руското Православие е најголемата религиозна организација во земјата.[6] Така, 95% од регистрираните православни парохии припаѓаат на Руската православна црква.[7] Сепак, голем дел од православните христијани не ја посетуваат односно не одат на црква редовно.[8] И покрај тоа, црквата е доста почитувана од и на верниците и на неверниците, кои гледаат на тоа како на симбол на руско наследство и култура.[8]

Предците на голем дел од денешните Руси го примиле христијанство во 10 век.[8] Околу 100 милиони граѓани се сметаат себеси за православни христијани, кое во процент е околу 70% од вкупниот борј на население во земјата. Сепак црквата тврди дека тој број е околу 80 милиони [9][10]. Исто така, според една анкета која била спроведена од страна на рускиот Центар за истражување на јавното мислење, 63% од испитаниците сметаат себеси за православни верници.[11] Други 12% рекле дека веруваат во Бог, а 16% изјавиле дека се неверници[11].

  1. Damick, Andrew S. „Life of the Apostle Andrew“. chrysostom.org. Архивирано од изворникот на 2007-07-27. Посетено на 2007-07-12.
  2. Voronov, Theodore (2001-10-13). „The Baptism of Russia and Its Significance for Today“. orthodox.clara.net. Архивирано од изворникот 2007-04-18. Посетено на 2007-07-12.
  3. Kievan Rus' and Mongol Periods Архивирано на 27 септември 2007 г., Glenn E. Curtis (уредн.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998, ISBN 0-16-061212-8
  4. See The Christianisation of Russia Архивирано на 27 јули 2007 г., The Russian Primary Chronicle
  5. Bell, Imogen (2000). Eastern Europe, Russia and Central Asia. Taylor & Francis. ISBN 978-1-85743-137-7. Посетено на 2007-12-27.
  6. „Religion In Russia“. Embassy of the Russian Federation. Посетено на 2007-12-27.
  7. (руски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на руски]]Сведения о религиозных организациях, зарегистрированных в Российской Федерации По данным Федеральной регистрационной службы“. December 2006. Архивирано од изворникот на 2009-03-25. Посетено на 2007-12-27. URL–wikilink conflict (help)
  8. 8,0 8,1 8,2 Microsoft Encarta Online Encyclopedia 2007. „Russia“. Архивирано од изворникот на 2008-01-09. Посетено на 2007-12-27.
  9. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-08-11. Посетено на 2011-04-27.
  10. Russia
  11. 11,0 11,1 „Опубликована подробная сравнительная статистика религиозности в России и Польше“. religare.ru. 6 June 2007. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2007-12-27.