Кукуречани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Битола.
Селото Кукуречани е сместено на западните планински венци што ја опкружуваат Пелагониската Котлина по долината на реката Шемница, на 21 километар од градот Демир Хисар и на 7 километри северно од градот Битола. Патот Битола-Кичево го дели селото на два дела: поголем, југозападен дел, наречен Горно Маало и помал, североисточен дел наречен Долно Маало.
При крајот на турското ропство во Кукуречани се затекнати голем број на чифлици, а само неколку семејства биле рајатски. Сопстевеници на чифлиците биле: Адем-бег, Јусуф-ефенди, Ваит-ефенди, Азис-ефенди, Оџа Мемет, Кадри-ага, Расим-бег и др.[2]
Селото се споменува во една потврда од 22 февруари 1639 година - издадена од лицето Мустафа за да ги собира приходите и таксите од село Кукуречани, кое спаѓало во хасовите на дефтердарот на Румелија.[3]
За време на Илинденското востание во 1903 година, во Кукуречани биле запалени неколку чифликсајбиски кули. Другите кули биле срушени по ослободувањето од Турците.[2] Тогаш во ова село се распаднале сите чифлици.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кукуречани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 77 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[8]
Селото броело 1.712 жители во 1961 година, додека во 1994 година селото има 1.001 жител.
Според пописот од 2002 година, во селото Кукуречани живеат 966 жители, од кои:[9] 950 Македонци, 14 Роми и 2 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 784 жители, од кои 730 Македонци, 5 Албанци, 15 Роми, 1 Србин и 33 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Коруновци (7 куќи) и Дрогриовци (5 куќи) потекнуваат од ист предок, доселени се од селото Драгожани; Магловци (5 куќи), Шеровци (5 куќи) и Белокозовци (4 куќи) доселени се од Црнобуки, каде имаат роднини, подалечно потекло на првиот род е од Долно Српци; Лисолаја (4 куќи) доселени се од селото Лисолај, таму им се род Ѓоршевци; Крклинци (5 куќи) и Јовчевци (3 куќи) порано биле еден род, доселени се од селото Крклино, каде биле староседелци; Шулинци (6 куќи) доселени се од селото Шурленци во Преспа; Размовци (2 куќи) доселени се од селото Драгарино, каде имаат истоимени роднини, подалечно потекло од селото Вирово; Јосифовци (2 куќи) доселени се од селото Вашарејца; Колевци (2 куќи) доселени се од селото Пресил; Кочиштанци (5 куќи) доселени се од сега раселеното село Кочишта; Лавчани (5 куќи) доселени се од селото Габаловци; Кочиштани (17 куќи) доселени се во 1906 година од раселеното село Кочишта како три куќи; Бараковци (1 куќа) доселени се од селото Вашарејца; Калевци (1 куќа) доселени се од селото Секирани; Ѓоршевци (5 куќи) и Бакалинот (12 куќи) доселени се од Лисолај; Темелковци (6 куќи) доселени се од Кочишта во 1905 и 1907 година; Гулевчиња (1 куќа) доселени се од Црнобуки, каде имаат роднини; Васил (1 куќа) доселен од Егејска Македонија после 1918 година; Ѓошевци (9 куќи), Шопевци (8 куќи), Карафиловци (5 куќи), Чамуровци (5 куќи), Страчковци (3 куќи), Самарџиовци (3 куќи), Ацевци (2 куќи), Несторовци (2 куќи), Гозевци (2 куќи), Поповци (1 куќи), Мишко (1 куќа), Нешковци (6 куќи), Чашитовци (5 куќи), Китевци (5 куќи), Деримачковци (4 куќи), Паликуќовци (3 куќи), Поповчиња (3 куќи), Нешковци (2 куќи), Пентаковци (1 куќа), Ојнога (1 куќа), Лажија (2 куќи) и Ѓоревци (1 куќа) сите овие родови се доселени со непозната старина; Сите родови во селото живеат од турско време, со исклучок на родот Васил кој е доселен после 1918 година.[15]
ФК Светлост (Кукуречани), оформен во 1962 година, со соединување на двата кукуречански клуба, ФК Ловец (Кукуречани), оформен 1949 година и ФК Младост (Кукуречани), оформен 1957 година. ФК Светлост во средината на 1990-тите години има играно во Втората македонска фудбалска лига.
Селото во 50-тите и 60-тите години е зафатен од бран иселувања. Кукуречанци го напуштија селото кон Америка, Австралија, Германија, Австрија и Шведска.
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Макеèдонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ.