Македонската дијаспора ја составуват Македонците кои живеат надвор од границите на Република Македонија. Првите иселувања на Македонците почнаа во 1900 година, поради политички и економски причини. По неуспешните востанија за ослободување на татковината во почетокот на XX век, многумина Македонци почнаа да се иселуваат од родните огништа поради разни притисоци. Најчесто иселувањето беше во прекуморските земји. Значително иселување на Македонците имаше и по Грчката граѓанска војна, по која од Егејска Македонија беа протерани голем број луѓе, (се претпоставува околу 100.000), кои замина во источните европски држави.
Вториот бран на иселување на Македонците се случил во 1980 и 1990-тие години поради економски причини. Извештајот од 1964 година наведува број на 580.000 македонски иселеници.[1][2] Главен застапник на македонската дијаспора ширум светот е меѓународната организација Обединета Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон, САД.
↑Тополињска З.- International Journal of the Sociology of Language, In place of a foreword: facts about the Republic of Macedonia and the Macedonian language, поглавје: 131, страници: 1-11, 1998
↑Насевски, Бошко; Ангелова, Дора. Геровска, Драгица (1995). Македонски Иселенички Алманах '95. Скопје: Матица на Иселениците на Македонија. стр. 20 & 36.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)