Петар Андоновски | |
---|---|
Петар Андоновски на првиот Фестивал на проза, Куманово, мај 2022 година | |
Занимање | писател |
Националност | Македонец |
Државјанство | македонско |
Образование | Филолишки факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Петар Андоновски — македонски писател.
Петар Андоновски е роден на 27 јануари 1987 година во Куманово. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. За романот Телото во кое треба да се живее ја добил наградата Роман на годината на Утрински весник за 2015 г. А за романот Страв од варвари ја добил Европската награда за литература за 2020. Андоновски преведува од грчки јазик.
Андоновски дебитирал на книжевната сцена со делото „Очи со боја на чевли“ со кое влегол во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.[1] Во 2015 година, во издание на „Или-или“ излегло неговото второ дело, романот „Телото во кое треба да се живее: токсични цветови на деликатниот морал“.[2] За овој роман Андоновски ја добил наградата „Роман на годината“ на Утрински весник за 2015 година.