Стрежево | |
![]() Поглед на истоименото езеро и селото | |
Координати 41°8′12″N 21°11′16″E / 41.13667°N 21.18778°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Ѓават-Кол |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 02113 |
Надм. вис. | 787 м |
![]() |
Стрежево — раселено село во Општина Битола, во областа Ѓават-Кол, во околината на градот Битола. По разрушувањето на куќите и потопувањето на атарот на селото со Стрежевското Езеро во 1980-тите години, селото останало без жители.
Селото се наоѓа во областа Ѓават-Кол, во западниот дел од Општина Битола. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 787 метри.[2]
Атарот зафаќал површина од 8,9 км2, кој сега е целосно потопен со Стрежевското Езеро.[2]
Се наоѓа на северозападниот дел од планинскиот масив Бел Камен, којшто се простира од градот Битола до селото Лера. Од градот Битола е оддалечено околу 25 километри. До него води асфалтен пат, сè до браната на хидросистемот „Стрежево“.
Непосредно под селото течела реката Шемница на која денес е изградена брана висока 76 метри со акумулација од 112 милиони метри кубни вода.
За настанокот на селото не постојат пишани документи. Се знае дека населението од ова село се занимавало претежно со земјоделство и сточарство.
Во селото постоела воденица, каде што народниот херој Стив Наумов во организација на Бирис Стрезовски неколкупати престојувале во воденицата и одржувале партиски советувања со активистите од селото.
Во XIX век, Стрежево било село во нахијата Ѓават-Кол во Битолската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Стрежево имало 200 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стрежево имало 320 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стрежево се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Во вековите што изминувале селото било многу развиено. Така, во 1961 година броело 356 жители, за после многу брзо да се исели. Емигрирањето (околу 500 жители) било во прекуокеанските земји, во Европа и најпосле, по создавањето на акумулацијата, во Битола. Последно во 1981 година Стрежево имало 110 жители. Од 1984 година селото целосно е иселено, а денес постојат само разрушени куќи и неколку новоизградени викенд куќички.[2] Во 1984 година сите жители од ова село се преселени во т.н Стрежевска населба во Битола.
Според пописните списоци од пописот во 1994 година, Стрежево е раселено село по 1981 година, кога што броело 366 жители.
Според пописните списоци од пописот во 2002 година, во Стрежево не биле забележани жители.[7] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 200 | 320 | 366 | 361 | 356 | 263 | 366 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Стрежево било чисто македонско православно село, во селото имало и староседелски и доселенички родови.
Родови во Стрежево биле:
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе биле придодадени поранешните општини, Бистрица, Кукуречани и Цапари. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Цапари.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Црноец, во која влегувале селата Габаловци, Метимир, Лопатица, Облаково, Стрежево, Свиниште и Црноец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Лопатица, во која покрај селото Стрежево се наоѓале селата Габаловци, Загориче, Лисолај, Лопатица, Метимир, Облаково, Свиниште, Секирали, Утово и Црновец.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Дихово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола.
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0205 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Кажани, Свиниште и Стрежево, кое е сместено во шумарската куќа во Кажани.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[14]
Сѐ до 1984 година празници во селото биле 3 јуни (Св. Никола Летен) и 7 јули (Иванден).
Котевци (3 куќи), иселени се во селото Свиниште, Битолско; Базјаловци (7 к.) и Настевци (2 к.), иселени се во Рамна; Гроздановци (2 к.) иселени се во Црновец; Јанчевци (1 к.), иселени се во Габалавци; од селските родови се знае за следните иселеници во: Битола (15 семејства), Скопје (4 семејства), Бугарија (околу 9 семејства), Австралија (3 семејства), во САД (3 семејства), Србија (1 семејство), Канада (1 семејство), Делчево (1 семејство), Белгија (1 семејство).[12][18]
Иселеништвото продолжило и после 1953 година и водело кон Битола, прекуокеанските земји (САД, Австралија, Канада) и низ Европа, со што денес е целосно раселено селото.[19]
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)