Чапранди Чифлик Νέα Καρβάλη | |
---|---|
![]() Етнографски музеј | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°57′N 24°30′E / 40.950°N 24.500°E | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавалски округ |
Општина | Кавала |
Општ. единица | Кавала |
Надм. вис. | 6 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 2.160 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Чапранди Чифлик (грчки: Νέα Καρβάλη, Неја Карвали[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Селото се наоѓа на 11 километри источно од градот Кавала на надморска височина од 6 метри.
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 60 Роми[3].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Неа Карвали[4].
Во 1928 година, бројот на населението бил 1090 лица, додека во 1940 година селото броело 1100 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 1209 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 304 жители, во 1971 година имало 265 жители, во 1981 година имало 244 жители, додека во 1991 година имало 212 жители[5]. Денеска, населението на селото е 2160 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1100 | 1209 | 1200 | 1136 | 1660 | 1894 | 2244 | 2160 |
|