Карло Нерво Carlo Nervo | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 29 октомври 1971 | ||
Роден во | Басано дел Грапа, Италија | ||
Висина | м | 1,80||
Позиција | среден ред | ||
Младинска кариера | |||
Басано Виртус | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1988–1989 | Басано Виртус | 31 | (5) |
1989-1990 | Монца | 0 | (0) |
1990-1991 | Басано Виртус | 29 | (3) |
1991-1992 | Читадела | 31 | (3) |
1992-1994 | Мантова | 62 | (8) |
1994-2005 | Болоња | 311 | (34) |
2005-2006 | Катанѕаро | 18 | (0) |
2006-2007 | Болоња | 26 | (2) |
2008 | Виргиљо | ? | (?) |
Репрезентација ‡ | |||
2002-2004 | Италија | 6 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Карло Нерво (роден во Басано дел Грапа, на 29 октомври 1971) — италијански политичар и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
По потекло од Солања, Нерво почнал да игра фудбал во Г.С.Р. Солања каде по две години се преселил во Басано, каде тој го направил своето деби меѓу професионалците во 1988 со Басано Виртус. По првите неколку сезони во неговата професионална кариера со Басано, Монца (без ниту еден настап), и Читадела, во 1992 потпишал за Мантова, останувајќи таму за две години.
Во 1994 Нерво бил купен од страна на Болоња, тимот за кој играше постојано за 11 сезони (од 1994- 95 до 2004 - 05), години во кои ја докажал својата вредност како многу квалитетен разигрувач на топката, со фантастичен нос за гол, до повикот во италијанската репрезентација. По краток период во текот на сезоната 2005-06, кога тој играл за Катанѕаро, играчот се вратил да ја заврши својата професионална играчка кариера во Болоња. Тој се обиде да му помогне на клубот во кој помина најголем дел од својата кариера да се врати во Серија А, но во сезоната 2006-07 Болоња завршила на 7. место во Серија Б и останал без промоција. Нерво ја завршил сезоната со 2 гола во 26 настапи, а потоа во јуни 2007, одлучил да се пензионира. Тој е трет со играч по бројот на официјални натпревари (417) во дресот на Болоња , а пред него се само Џакомо Булгарели и Тацио Реверси.[1].
На 7 јуни 2009 бил избран за градоначалник на Солања (VI), неговата родна земја.[2].
|access-date=
(help)
|access-date=, |date=
(help)