Алан Ниделмен (англиски: Alan Needleman, р. 2. септември 1944 год. во Филаделфија, Пенсилванија, САД) е американски научник и професор по наука на материјали и инженерство на Тексашкиот универзитет „А и М“.[1] До 2009 година, Ниделмен беше универзитетски професор „Флоренс Пирс Грант“ по механика на цврсти тела и структури на Брауновиот универзитет во Провиденс, Род Ајленд, САД. Тој има дипломирано на Пенсилванискиот универзитет во 1966 година, а магистратурата и докторатот ги изработува на Харвардовиот универзитет во 1967 и 1970 година. За време на постдипломските студии, негов ментор е професорот Џон В. Хатчинсон. Ниделмен беше инструктор и доцент по применета математика на Масачусетскиот институт за технологија меѓу 1970 и 1975 година. Потоа постана професор на Брауновиот универзитет, каде ја извршуваше и функцијата декан на Дивизијата за инженерство меѓу 1988 и 1991 година. Тој исто беше и претседавач со Дивизијата за применета механика при Американското друштво на машински инженери.
Истражувачката дејност на Ниделмен се фокусира на компјутерско моделирање на процесите при изобличување и кршење на градежни материјали, особено метали. Главна цел е да се пронајадат квантитативни соодноси меѓу својствата кои може да се измерат од микроструктурата на материјалите и нивното макроскопско однесување.
Ниделмен е член на Националната академија за инженерство на САД,[2] Американската академија на уметностите и науките,[3] Американското друштво на машински инженери,[4] Американската академија за механика,[5] почесен член на МЕКАМАТ (Француска група за механика на материјали)[6] и член од странство на Данскиот центар за применета математика и механика.[7] Институтот за научни податоци го влистува како еден од најчесто цитираните автори во областите на инженерството и на науката на материјали.[8] Во 2006 година, Ниделмен го доби медалот „Вилијам Прагер“[9] и Друкеровиот медал.[10] Истата година беше прогласен и за почесен доктор на науки на Данскиот технолошки универзитет.[11] Во 2011 година, му беше доделен Тимошенковиот медал.[12]
|work=
(help)
|work=
(help)