Горан Попов | |||
---|---|---|---|
![]() Попов во македонскиот дрес во 2007 година | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 2 октомври 1984 | ||
Роден во | Струмица, СР Македонија, СФРЈ | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,89||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2002–2003 |
![]() | 6 | (0) |
2003 | Продефтики | 0 | (0) |
2004 |
![]() | 8 | (0) |
2004 |
![]() | 0 | (0) |
2004–2005 | Одра | 11 | (0) |
2005–2007 | Егалео | 44 | (1) |
2007–2008 | Левадијакос | 20 | (0) |
2008–2010 |
![]() | 51 | (2) |
2010–2014 |
![]() | 48 | (2) |
2012–2014 |
→![]() | 18 | (0) |
2014- |
![]() | 59 | (6) |
Репрезентација ‡ | |||
2004–2014 |
![]() | 46 | (2) |
* Ажурирано на: 17 јули 2012 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Горан Попов (Струмица, 2 октомври 1984) — пензиониран македонски фудбалер, кој настапувал како играч од одбраната.
Горан Попов е помлад брат на Роберт Попов кој, исто така, е професионален фудбалер.
Попов ја започнал својата кариера во Беласица, а оттаму преминал во грчкиот клуб Продефтики, каде играл една сезона како позајмен играч, а потоа потпишал за АЕК Атина. Истата 2004 година, Попов се преселил во редовите на Црвена Ѕвезда, но поради серијата на повреди, тој не одиграл ниту еден натпревар. Поради тоа, Попов се вратил во грчкиот фудбал, овојпат во редовите на Егалео, откако поминал сезона во Полска, играјќи како позајмен играч во Одра Водзислав. Кога Егалео испаднал од лигата во 2007 година, Попов му се приклучил на Левадијакос, пред да потпише со холандскиот прволигаш Херенфен во 2008 година. Во неговата прва сезона во клубот, тој го освоил КНВБ купот, постигнувајќи и еден погодок во финалето против Твенте. По две добри сезони во Херенфен, во 2010 година, Попов потпишал за Динамо Киев, со кого освоил уште еден трофеј, украинскиот Супер куп. Во Киев, Попов останал до 2012 година.[1]
На 10 август 2012 година, Попов потпишал најпрво за Стоук Сити, но трансферот пропаднал откако не му била издадена работна дозвола за играње во Англија. Сепак, во последниот ден од трансферниот прозорец, тој се преселил во Премиер лигата, потпишувајќи за Вест Бромвич Албион каде играл како позајмен играч. Своето деби во Премиер лигата, Попов го направил на 30 септември 2012 година, во шестото коло од сезоната, започнувајќи како стартер против Астон Вила во дербито на Бирмингем. Во следните два месеци од сезоната, Попов бил главно на клупата за резерви, бидејќи менаџерот на тимот Стив Кларк повеќе верувал во Лајам Риџвел кој играл на позицијата лев бек. Во текот на декември 2012 година, Попов бил во првиот тим во 4 од 6 натпревари, колку што одиграл неговиот клуб во тој месец. На 3 февруари 2013 година, Попов бил исклучен од страна на судијата Марк Клатенбург за плукање кон десниот бек на Тотенхем Кајл Вокер, во натпреварот кој завршил 1-0 за петлите.
На 18 септември 2014 година, Попов потпишал тригодишен договор со Вардар, со право да настапува од 1 јануари 2015 година. Претходно, Попов предвремено го раскинал договорот со Динамо Киев, кој имал важност до 2016 година.[1]
Попов бил член на македонската фудбалска репрезентација за која одиграл 46 натпревари и постигнал два гола. Својот прв погодок за Македонија, Попов го постигнал на 30 мај 2004 година, во победата над Естонија со 4-2.
# | Датум | Место на одржување | Противник | Резултат по голот | Краен резултат | Натпреварување | |||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | 30 мај 2004 | Арена А. Ле Кок, Талин, Естонија | ![]() |
0–2 | 2–4 | Пријателски натпревар | |||||
2. | 19 ноември 2008 | Стадион под Горица, Подгорица, Црна Гора | ![]() |
2–1 | 2–1 | Пријателски натпревар[2] | |||||
Извор:[3] |
Согласно мај 2014 година[4]
Македонија | ||
---|---|---|
Година | Наст. | Гол. |
2004 | 2 | 1 |
2005 | 6 | 0 |
2006 | 1 | 0 |
2007 | 5 | 0 |
2008 | 5 | 1 |
2009 | 10 | 0 |
2010 | 6 | 0 |
2011 | 6 | 0 |
2012 | 3 | 0 |
2014 | 2 | 0 |
Вкупно | 46 | 2 |
![]() |
„Горан Попов“ на Ризницата ? |
|