Историја на Советскиот Сојуз (1982–1991)


Дел од темата
„Историја на СССР“

(1917 — 1927)

Руска револуција
Февруарска револуција
Октомвриска револуција
Граѓанска војна
Договор за основање
Економска политика

(1927 — 1953)

Сталинизам • Голема чистка
Петгодишен план
Втора светска војна
Студена војна

(1953 — 1964)
(1964 — 1982)

Реформи од 1965
Стагнација

(1982 — 1991)

Перестројка
Гласност
Августовски пуч
Распад


Портал:СССР


Историјата на Советскиот Сојуз од 1982 до 1991 година го опфаќа периодот од смртта Леонид Брежнев до распадот на Советскиот Сојуз. Главно поради големото воено организирање на сметка на домашниот развој, економскиот раст вол во фаза на стагнација. Неуспешните обиди за реформи како и инвазијата на Советскиот Сојуз во Авганистан довело до општо чувство на незадоволство меѓу народот, особено во балтичките републики и Источна Европа[1].

Поголемите политички и социјални слободи, донесени од страна на последниот советски водач, Михаил Горбачов, создале атмосфера на отворена критика на комунистичкиот режим. По драматичниот пад на цената на нафтата во 1985 година и 1986 година, и долготрајниот недостаток на девизни резерви во следните години за купување на жито довело исто така до колапс на земјата<[2]

Неколку советски социјалистички републики започнале отпор против централната власт. Самото зголемување на демократиијата довело до слабеење на централната власт. Советскиот Сојуз конечно се распаднал во 1991 година, кога Борис Елцин ја презел власта по неуспешниот државен удар врз Горбачов.

Андропов

[уреди | уреди извор]

Брежнев починал на 10 ноември 1982 година. По два дена на негово место бил избран Јуриј Андропов како нов генерален секретар. Андропов не потрошил ниту еден момент во промовирањето на неговите приврзаници. Во јуни 1983 година, тој ја презел функцијата претседател на Президиумот на Врховниот Совет, со што станал церемонијален шеф на државата. На Брежнев претходно му биле потребни тринаесет години за добивање на овој пост. Во текот на неговото кусо владеење како прв човек во земјата, тој заменил повеќе од една петтина од советските министри и регионални секретари и повеќе од една третина од шефовите на Централниот комитет. Како резултат на тоа, тој го заменил старото раководство а на нивно место ставил помлади кадри. Но, способноста на Андропов за преструктуирање на врвот на раководство била ограничена од страна на неговата лоша здравствена состојба и влијанието на неговиот соперник (и долгогодишен сојузник на Леонид Брежнев) Константин Черненко. За разлика од Брежнев, кој поседувал неколку куќи и една флота на луксузни автомобили, Андропов живеел многу едноставно.

Домашната политика Андропов ја насочил кон враќање на дисциплина и ред во советското општество. Тој донел радикални политички и економски реформи. Во тандем со такви економски експерименти, Андропов започнал анти-корупциска војна со владините и партиските дејци. Овој период е познат како аферата во Кремљ. Оваа афера претставувала најголемата истрага на сите времиња за корупција во СССР. Вкупно биле ангажирани околу двесте судии заедно со два инспектори за истрага во Узбекистан во периодот од 1983 година. Двајцата инспектори успеале да отворат дело против високи узбекистански политичати. За неколку години, политичката власт во Узбекистан била тотално обезглавена. Четри секретари и двајца членови на Централниот комитет, како и претседателот и вицепретседателот на Советот на министрите биле исправени пред суд. Андропов останал запаметен како личност кој отворил голема војна со корупцијата во советската влада.

Во надворешната политика, Андропов ги продолжил политиките на Брежнев. Американско-советските односи се влошиле во март 1983 година, кога американскиот претседател Роналд Реган бил нарекуван од страна на Советскиот Сојуз "злото на империјата". Официјалната новинска агенција ТАСС го обвинил Реган дека размислува воинствено и дека е луд анти-комунист. Натамошно влошување на односите настанало кога на 1 септември 1983 година советите собориле корејски авион во близина на островот Монерон. Во авионот се пренесувале 269 луѓе, вклучувајќи го и американскиот конгресмен, Лари Мекдоналд. Во Авганистан, Ангола, Никарагва и на други места, под раководство на Реган, САД започнал да дава голема воена и материјална поддршка за анти-комунистичките движења во овие земји.

Здравјето на Андропов се влошило во летото 1983 година. Тој станал првиот советски водач кој го пропуштил годишниот јубилеј од октомвриската револуција во 1917 година. Тој починал во февруари 1984. Неговото најзначајно наследство за Советскиот Сојуз било неговото откритие и промоција на Михаил Горбачов.

Черненко

[уреди | уреди извор]

по смртта на Андропов на негово место бил избран Константин Черненко, иако имал 71 година и иако неговото здравје било во лоша состојба. Во неговото кратко владеење на чело на Советскиот Сојуз, тој донел неколку значајни промени во политиката. Тој ја продолжил истрагата за корупција која била започната од страна на Андропов во советските кадри. Черненко се залагал за повеќе инвестиции во потрошувачките добра и услуги како и во земјоделството.

Иако направил повик за помирување меѓу истокот и западот, сепак било направено многу малку во тој поглед. Во 1984 година Советскиот Сојуз ги бојкотирале Летните олимписки игри во Лос Анџелес, исто како што направиле Американците на Летните олимписки игри во Москва во 1980 година.Кон крајот на летото на 1984 година, Советскиот Сојуз исто така ја спречил посетата на Западна Германија од страна на источногерманскиот водач Ерих Хонекер. Борбите во Авганистан, исто така продолжиле.

Сепак лошата состојба на здравјето на Константин Черненко му дала можност на Горбачов да извршува високи партиски позиции во Политбирото, и Горбачов бил во можност да стекне витална поддршка на министерот за надворешни работи Андреј Громико во борбата за сукцесија. Кога Черненко починал во март 1985 година, Горбачов станал негов наследник.

Горбачов

[уреди | уреди извор]

После смртта на Константин Черненко, Михаил Горбачов бил избран за генерален секретар на КПСС на 11 март 1985 година. Тој станал првиот водач на партија, кој е роден по Руската револуција од 1917 година. Како владетел на Советскиот Сојуз, се обидел да ја реформира Комунистичката партија и на националната економија со воведување нагласност ("отвореноста"), перестројка ("преструктуирање") ускоренија ("забрзување на економскиот развој"), кои започнале на 27. КПСС Конгрес февруари 1986.

Првите реформи воведени во текот на ерата на Горбачов иле алкохолната реформата во 1985 година, која била дизајнирана за борба против широко распространетиот алкохолизам во Советскиот Сојуз. Цените на вотката, виното и пивото биле покачени, и нивната продажба била ограничена. На луѓето кои ќе биле фатени пијани на работа или на јавни места им следувало судење. Пијалаците биле забранети на јавни места и на возовите. Сцените од алкохол исто така биле исфрлани од филмовите. Реформите немале значително влијание врз употребата на алкохол во земјата, но тие задале сериозен економски удар за државниот буџет (загуба од околу 100 милијарди рубли според Александар Јаков), потоа производството на алкохол се преселило на црниот пазар. Алкохолната реформа предизвикала синџир на настани кои завршиле со распаѓањето на Советскиот Сојуз и длабока економска криза во новосоздадената Заедница на независни држави, шест години подоцна.

Законот за соработка донесен во март 1988 година бил можеби најрадикалната економска реформа во текот на првата половина на ерата на Горбачов. Првпат после Лениновата економска политика, законот им овозможил приватен имот во услужната и надворешната трговија. Законот првично вовел високи даноци, но подоцна бил променет за да се избегне обесхрабрувачки приватен сектор. Според оваа одредба, приватните ресторани, продавниците и занаетчиските продавници станале дел од советската сцена. Треба да се напомене дека некои од Републиките ги игнорирале овие ограничувања. На пример, во Естонија на приватни лица им било дозволено да се формираат партнерства со странски компании.

Во меѓународната политика, Горбачов сакал да ги подобри односите и трговијата со Запад. Тој воспоставил блиски односи со неколку западни водачи, како што е Маргарет Тачер. На 11 октомври 1986 Горбачов и Реган се состанале во Рејкјавик за да разговараат за намалување на средниот опсег на јадрено оружје во Европа. Ова довело до потпишувањето на средниот опсег на јадрени проектили. Во февруари 1988 година, Горбачов го најавил повлекувањето на советските сили од Авганистан. Повлекувањето било завршено следната година, иако граѓанската војна продолжила затоа што муџахедините сакале да го соборат про-советскиот режим на Мохамед Наџибулах. Се проценува дека 15.000 луѓе од советскиот сојуз биле убиени во конфликтот меѓу 1979 и 1989 година.

Исто така во текот на 1988 година, Горбачов изјавил дека Советскиот Сојуз ќе ја напушти Брежњевата доктрината и им овозможил на земјите од источниот блок да ја изберат својата внатрешна политика. Ова се покажало како најрадикално остварување на реформите на Горбачов на надворешната политика, што портпаролот на неговиот министер за надворешни работи го нарече Синатрина доктрина. Оставањето на доктрината Брежњев довело до серија на револуции во Источна Европа во 1989 година, каде што комунизмот беше симнат од власт. Со исклучок на Романија, просоветските бунења против режимот биле мирни.

Исчезнувањето на советската доминација во Источна Европа ставила крај на Студената војна, и за ова Горбачов добил Нобеловата награда за мир на 15 октомври 1990 година.

Додека политичките иницијативи на Горбачов биле позитивни за слобода и демократија во Советскиот Сојуз и Источна Европа, економската политика на неговата влада постепено ја довела земјата во близина на колапс. До крајот на осумдесеттите години, недостигот на основни прехранбени производи (месо, шеќер) довело до реинтродукција на воениот систем на дистрибуција, каде биле користени ваучери за секој граѓанин на одредена ограничена количина на производот во текот на месецот. Во споредба со 1985 година, дефицитот се зголемил од 0-109 милијарди рубли, златните резерви биле намалени од 2.000 до 200 тони, и надворешниот долг се зголеми 0-120 милијарди долари.

Понатаму, демократизацијата на Советскиот Сојуз и Источна Европа била непоправлива и ја поткопала моќта на КПСС и Горбачов. Обидувајки се Горбачов да ја избегне цензурата и да се создаде поголема политичка отвореност довело до доживување на национализмот и долго воздржуваните анти-руски чувства во советски републики. Барањата за поголема независност од Москва станале се погласни, особено во балтичките републики Естонија, Литванија и Латвија кои од страна на Сталин биле анкетирани во 1940 година. Националистичките чувства, исто така, се појавиле во Грузија, Украина, Ерменија и Азербејџан. На крајот советскиот сојуз бил уништен.

Горбачов бил генерално добро оценет од страна на западот по крајот на Студената војна. Но, во Русија, неговата репутација била многу ниска поради тоа што е означен што ја довел до колапс државата и е одговорен за економската мизерија. Сепак, анкетите покажуваат дека повеќето Руси се задоволни со резултатите од поединечните цели на перестројка.

  1. WorldBook online
  2. Gaidar, Yegor (****-**-**). „The Soviet Collapse: Grain and Oil“. On the Issues: AEI online. American Enterprise Institute. Архивирано од изворникот на 2009-07-22. Посетено на 2009-07-09. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help) (Edited version of a speech given November **, **** at the American Enterprise Institute.)