Лајош Парти Наѓ е роден во 1953 година во Сексард. Во 1977 година дипломирал унгарски јазик и историја на универзитетот во Печ. Од 1979 до 1986 година бил уредник на списанието "Jelenkor". Во 1986 година се преселил во Будимпешта и оттогаш работи како слободен писател. Во 1994 година добил стипендија на германската фондација "Kulturfonds Wiepensdorf".[1]
Лајош Парти Наѓ е автор на поголем број поетски и прозни дела кои се преведени на германски и полски јазик. Исто така, два негови расказа се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]