Милош Биковиќ | ||
Роден | 13 јануари 1988 Белград, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Србин | |
Познат | по улогата во: Монтевидео, Бог те видео | |
Занимање | глумец |
Милош Биковиќ (Белград, 13 јануари 1988) е српски филмски, телевизиски и театарски глумец.
Милош Биковиќ има 17 години постар брат Михаил, игуман во манастирот Јовања.[1] Кога бил многу млад родителите му се развеле, а татко му се преселил за Германија.[2] Завршил во Четрнаеста белградска гимназија, зборува српски јазик, англиски јазик и руски јазик.[3] Посетувал училиште по глума и зборување „ДАДОВ“. Дипломирал на Факултет за драмски уметности во Белград во класата на Драган Петровиќ заедно со Нина Јанковиќ , Јелисавета Орашанин, Тамара Драгичевиќ, Ања Алач. Асистент е на Факултетот за драмски уметности (ФДУ).
Милош Биковиќ својата прва улога со која остварил малку поголема популарност ја остварил со телевизиската серија Стигаат долари (2004 — 2005), каде го играл ликот на Небојша, улогата му донела голема популарност. Поголема популарност стекнал со играње во серијата Бела лаѓа (2006 — 2011), а најголема популарност достигнал со главната улога во филмот на Драган Бјелогрлиќ, Монтевидео, Бог те видео. Уште една улога добива во филмот/серијата 'Кад Кога љубовта доцни/Самец во брак', каде глуми заедно со својата тогашна девојка, Бранкица Себастијановиќ. Се прославил и во руската кинематорафија, во филмот Сончаница од режисерот Никита Михалков.
Глумел во неколку претстави меѓу кои: „Збогум СФРЈ" во Ателјето 212 ; „Дамата со камелии" во Народниот театар (на Србија) исто така глумел и во „Син ми побавно оди" и „Кога тиквите цветаа" во неговиот матичен театар, Белградскиот драмски театар.
Збогом СФРЈ - Атеље 212
Мој син мало спорије хода - Белградскиот драмски театар
Дама са камелијама - Народниот театар во Белград
Кад су цветале тикве - Белградскиот драмски театар
Милош Биковиќ има делумно македонско потекло. Неговиот дедо е роден во Берово во источна Македонија.
„Милош Биковиќ“ на Ризницата ? |
|