Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
26 март 1984 Ниш, СР Србија, СФРЈ | ||
Националност | Србин/Македонец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1,90 м | ||
Позиција | среден бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Хапоел Ришон Ле Цион | ||
Број | 8 | ||
Сениорски клубови | |||
2003–2006 2006–2007 2007–2009 2009–2010 2010–2012 2012–2015 2015–2019 2019–2022 2022– |
Железничар Ниш Тримо Требње Вардар ПРО Колубара Нант Вардар Бешикташ Војводина Хапоел Ришон Ле Цион | ||
Репрезентација | |||
2010–2011 2014–2018 |
Србија Македонија | ||
Немања Прибак (српски: Немања Прибак) (26 март 1984 во Ниш) — српско- македонски поранешен ракометар и македонски репрезентативец, кој играл за Хапоел Ришон Ле Цион во израелското првенство.
Прибак во 2013 година добил македонско државјанство и со тоа можност за настап за македонската репрезентација. Прибак добил македонски пасош со одлука на Владата на Македонија, донесена на владината седница на 10 декември 2013 година.[1]
Прибак настапувал за РК Вардар, и тоа во два наврата: од 2007 до 2009 година и повторно, од 2012 до 2015 година. Во февруари 2015 година, „Вардар“ објавил дека нема намера да го продолжи договорот со него, по што тој потпишал двегодишен договор со турскиот клуб Бешикташ.[2][3]
Во септември 2022 година Прибак потпишал договор со израелскиот клуб Хапоел Ришон Ле Цион.[4]
Со македонската репрезентација, Прибак настапил на Светското првенство во 2015 година.
|
|
|
|