Фрици Масари (родена на 31 март 1882 - починала на 30 јануари 1969) била австриско-американска сопран пејачка и глумица.
Фрици Масари е родена како Фридрике Масарик во Виена во Австроунгарското Царство на 31 март 1882 година. Таа била една од водечките оперетски пејачи во Берлин и Виена.
За време на Првата светска војна, таа настапувала за војниците на Кралската германска армија во театри во окупираната Белгија.
Во 1920 година, таа работела со композиторот Оскар Штраус, и настапила во неколку негови оперски остварувања, меѓу кои и Последниот Валцер.
Масари се омажила двапати, прво со очниот лекар Бернхард Полак. Со Карл-Куно Роло Граф фон Куденхове (1887-1940), таа го имала своето единствено дете, Елизабет Марија Карл (наречена Лизл) (1903-1979). Лизл подоцна се омажила со авторот Бруно Френк. Иако Куденхове бил татко на Лилл, Масари никогаш не била во брак со него. Вториот брак на Масари, во 1917 година, бил со австрискиот актер Макс Паленберг (1877-1934), кој загинал во авионска несреќа во Карлсбад во 1934 година.