Лазар Лечиќ

Лазар Лечиќ
Лични информации
Роден30 јануари 1939(1939-01-30)
Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починат13 август 2024(2024-08-13) (возр. 85)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Информации за кариера
Играчка кариера1957–1962
Тренерска кариера1962–2000
Историјат на кариера
As player:
1957–1962Работнички
Како тренер:
1962–1972Работнички
1972–1973Борац Чачак
1973–1975Олимпија
1975–1978Работнички
1978–1982Олимпија
1982–1983Војводина
1983–1988МЗТ Аеродром
1990–1992Арис
1996МЗТ Аеродром
1999–2000Никол Ферт

Лазар Лечиќ (30 јануари 1939 во Скопје - 13 август 2024 во Скопје) — македонски кошаркар и тренер.[1] Како кошаркарски стручњак е сметан за творец на македонската професионална кошарка[2], кој имал огромна улога во излезот на македонските кошаркарски клубови во Европа во 70-тите и 80-тите години. Лечиќ бил исто така одговорен за основање и организирање на младински кошаркарски училишта и во Македонија и во Грција. Имал освоено многу престижни награди како „11 октомври“, „13 ноември“, „8 Септември“ за животно дело во 2015 година во областа на спортот, „Златна бубамара“ итн. Членувал во Клубот на Великаните на МОК од 2001 година.

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

Лазар Лечиќ ја започнал својата професионална кариера во Работнички во 1957 година и останал во клубот до 1962 година, пред да се пресели на тренерската позиција. Како играч освоил 2 титули во тогашната Македонска Републичка Лига во 1960 и 1961 година. Сепак, неговото вистинско влијание во кошарката се случило кога стапил на тренерската позиција. Во 1962 година седнал на тренерската позиција во Работнички и веднаш направил големо влијание. Како доминантна сила во Македонија под крилјата на Лечиќ, Работнички ги освоил следниве две титули во 1963 и 1964 година, а екипата се преселила во Првата сојузна кошаркарска лига. Лечиќ останал во Скопје до 1972 година, пред да се пресели во КК Борац Чачак за сезоната 1972/73, кога екипата завршила на 4-то место во Првата кошаркарска лига во Југославија, како најголемо достигнување на клубот во историјата. За следната сезона се преселил во Словенија во екипата на КК Олимпија Љубљана, за да во 1975 година се врати во Работнички. Во овој период, Работнички го донел до полуфиналето на ФИБА Сапорта Купот, резултат кој е еден од најголемите успеси во историјата на тимот. Работнички во полуфиналето на гости загубил од милански Цинцано со 24 бода разлика, а во Скопје го победил со 19. Претходно биле совладани екипи како ЦСКА Москва и Олимпијакос.

Во 1978 година Лечиќ се вратил во Олимпија каде престојувал до 1982 година. После една сезона во Војводина Лечиќ се вратил во родниот град, но овој пат во клубот Скопје, подоцна познат како МЗТ Скопје. Во 1986 година, екипата предводена од Лазар Лешиќ стигнала до пласман во Југословенската Прва кошаркарска лига каде се натпреварувале две сезони. Во 1990 година Лечиќ се преселил во Грција во редовите на КК Арис каде се натпреварувал во Евролигата, стигнувајќи до полуфиналето во 90/91 и четвртфиналето во 91/92. Тој исто така ја освоил грчката лига во 90/91 и грчкиот куп во 91/92. После уште една сезона во МЗТ Скопје во 1996 година кога го освоил Купот на Македонија. По три години мирување, во 1999 година го презел КК Никол Ферт, освојувајќи го првенството во Лигата на Македонија.

Лазар Лечиќ на кошаркарско игралиште.

Покрај клупската кариера, Лазар Лечиќ имал и неверојатна национална кариера како тренер во Југословенската репрезентација. Најголем дострел му е златниот медал од Светското првенство во Љубљана во 1970 година, како прв помошник на селекторот Ранко Жеравица. Тој, исто така, имал големо влијание и во доминантните години кога Југославија со освои медали на неколку турнири како ФИБА Евробаскет, Средоземни игри и Балканско првенство. Тој ја водеше и Југославија на Европското првенство во кошарка за млади во 1971 година.

За Лечиќ е снимен 11-минутен филм што ги следи неговите емоционални реакции и гестови на тренерската клупа. Тој е дел и од документарецот „14 гневни“, кој зборува за најдобрите тренери од просторите на поранешна Југославија[3].

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Лекиќ“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 792. Text "series " ignored (help)
  2. „Биографија на Лазар Лечиќ“. https://mok.org.mk. Посетено на 2020-08-17. Надворешна врска во |publisher= (help)[мртва врска]
  3. „Лазар Лечиќ е феномен што еднаш се раѓа во кошарката“. www.novamakedonija.com.mk. 10.05.2019. Посетено на 2020-08-17. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)