Според последната анкета која била спроведена од страна на Евробарометар во 2005 година[1]:
По шпанското освојување од 1592, до повторното воспоставување на верската слобода во 1781 година од страна на Јозеф II од Австрија, Римокатоличката црква била прогласена за единствената легитимна религиозна организација која била дозволена на територијата на денешна Белгија. Сепак, мал број на протестанти групи успеале да опстојат, и истите главно се задржиле во Хорбек, Доул, Турнај, Еупен и Ходимонт[2]
Религијата била една од разликите кои се појавиле помеѓу католичкиот југ и протестантскиот север предводен од страна на Обединетото Кралство на Холандија. Во крајна сметка, унијата се распаднала во 1830 година по создавањето на новата белгиска држава. По 1830 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во политичкиот живот на Белгија. Како пример за тоа се т.н. “училишни војни“ („guerres scolaires“ на француски) помеѓу либерали и католици во периодите од 1879 до 1884 и од 1954 до 1958.
Друг важен настан што се случил е од 1990, кога религиозниот крал Бодуен I , го одбил барањето на белгискиот парламент за легализација на абортусот[3]
Денеска, во Белгија католицизмот е најголема религија и истата опфаќа околу 80% од вкупниот број на население. Други религии во земјата се исламот, протестантството и јудаизмот.
„Религија во Белгија“ на Ризницата ? |