Стеван Сремац

Стеван Сремац
Роден/а11 ноември 1855
Сента, Војводство Србија и Тамишки Банат, Австриско Царство
Починат/а13 август 1906(1906-08-13) (возр. 50)
Сокобања, Кралство Србија
Занимањеписател
НационалностСрбин

Стеван Сремац (11 ноември 1855, Сента, Австроунгарија - 13 август 1908, Соко Бања, Србија) бил српски писател.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Домот на С. Сремац во Сента.

Стеван Сремац се родил на 11 ноември 1855 година,во занаетчиско семејство во Сента, Војводина, која тогаш била во составот на Австроунгарија. Татко му се викал Аврам, а мајка му Катарина.[1] Во Сента го поминал раното детство, а дел и кај баба му по мајка во Пирот. Бидејќи останал без родители, вујко му Јован Ѓорѓевиќ, познат српски историчар и книжевник, го однел 1868 година во Белград на понатамошно школување. Тука завршил гимназија (1875) и се определил за студии по историја на Големото училиште(Велика школа) во Белград и за припадност кон Либералната партија. Својот работен век го поминал како професор во гимназиите во Ниш, Пирот и Белград. Како доброволец учествувал во војните во 1876 и 1877 — 1878 година. Сремац починал на 13 август 1908 година, во Соко Бања од сепса. Погребан е на Новите гробишта во Белград.

[2][1]
Стеван Сремац

Творештво

[уреди | уреди извор]
Илустрација од првото издание на „Поп Ќиро и поп Спиро“ од 1894 г.

Стеван Сремац е еден од најистакнатите претставници на српскиот реализам. Негови најпознати дела се:[1]

  • Ивкова слава (расказ)
  • Зона Замфирова (расказ)
  • Поп Ќиро и Поп Спиро (роман).

Според неговите дела „Ивкова слава“ и „Зона Замфирова“ се снимени филмови и телевизиски серии, кои оствариле голем комерцијален успех.

Биста на С. Сремац пред Народниот театар во Ниш.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Сремац почнал да пишува релативно доцна. Во триесет и третата година од животот 1888 година почнал да објавува прозни хроники за личности и настани од српското минато, кои се појавиле како книга 1903 година под наслов „Од книгите староставни“ („Из књига староставних“). Тоа било писателовото одолжување на долгот кон професијата историчар и љубовта према националното минато. Реалистичка проза почнал да пишува дури по пристигнување во Белград. Долгогодишниот живот во Ниш, од 1879 до 1892, бил период на творечка инкубација. Прв реалистички расказ го објавил 1893 година под наслов „Божиќна печеница“ („Божићна печеница“), а потоа се нижат „Ивкова слава“ (1895), „Вукадин“ (1903), „Лимунација на село“ („Лимунација на селу“)(1896), „Поп Ќира и поп Спира“, (1898), еден од најдобрите хумористични романи во српската литература и „Зона Замфирова“(1906), најдобро компонираното дело на Сремац. Инаку, Сремац бил познат како „писател со бележница“. Неговите дела претежно се реалистични и содржат одредена доза на хумор во себе. Одлика на неговото творештво е исто така и епизодноста. Неговите дела се врзани за три релации: Белград-Ниш-Војводина.

Делата на Сремац од 1957 година до данас се прикажувани на филмско платно:

  1. 1,0 1,1 „Времеплов“, Дневник, година XVIII, број 5614, вторник, 11 ноември 2014, стр. 26.