Вања Драх (хрватски: Vanja Drach; 1 февруари 1932 во Бошњаци — 6 септември 2009 во Загреб) — хрватски театарски, филмски и телевизиски актер.
Роден е на 1 февруари 1932 година во Бошњаци. Основно и средно образование стекнал во родниот град, потоа се запишал на Медицинскиот факултет во Загреб. По една година, ги напуштил студиите по медицина и се запишал на Академијата за драмски уметности во Загреб, во класата на професорот Бранко Гавела[1].
По дипломирањето, две години глумел во Драмскиот театар во Загреб. На предлог од истакнатиот режисер и педагог Бојан Ступица, се префрлил во Хрватскиот народен театар[2].
Бил пред сè познат како театарски глумец, глумејќи во античките драми, делата на руските, француските, англиските и американските класици и модернисти, како и во улогите од домашните автори, особено на оние пишувани од Мирослав Крлежа. Вања Драх, исто така бил познат и како филмски глумец каде имал карактерни улоги. Дебитирал во 1958 година во филмот „Х - 8“.
Глумел во повеќе театри во Хрватска и Југославија. Добитник бил на многубројни награди меѓу кои е и наградата за животно дело -Владимир Назор
- „Човекот под масата“, (2009)
- „Зад стаклото“, (2008)
- „Сè за џабе“, (2006)
- „Либертас“, (2006)
- „Мукло“, (2005)
- „Инфекција“, (2003)
- „Сведоци“,(2003)
- „Серафин, синот на светилничарот“, (2002)
- „Гарсија“,(1999)
- „Богородица“, (1999)
- „Пресвета Богородица“, (1994)
- „Златните години“, (1993)
- „Мор“,(1992)
- „Папата Сикстин V“, (1992)
- „Чаруга“, (1991)
- „Скршеници“,(1991)
- „Би сакал да сум гулаб“, (1990)
- „Ѓаволски рај“, (1989)
- „Ветената земја“, (1986)
- „За среќата се потребни тројца“, (1985)
- „Патот за рајот“, (1985)
- „Ифигенија во Аулиди“, (1983)
- „Со воз кон југ“, (1981)
- „Висок напон“, (1981)
- „Поглавја од животот на Август Шеноа“, (1981)
- „Тајната на Никола Тесла“, (1980)
- „Успорено движење“, (1979)
- „Годишното време на Жељка, Вишња и Бранка“, (1979)
- „Пробни датуми“, (1979)
- „Љубица“, (1978)
- „Сите се русокоси“, (1978)
- „Бомбашкиот процес“, (1978)
- „Пукот“, (19771)
- „Јагош и Угљеша“, (1976)
- „Докторот Младен“, (1975)
- „Како во лош роман“, (1974)
- „Тимон“, (1973)
- „Кога ќе ги слушнеш ѕвоната“, (1969)
- „Павилјон број 6“, (1968)
- „Црните птици“ (1967)
- „Илузија“, (1967)
- „Кинескиот ѕид“, (1967)
- „Воени години, години на мирот“, (1967)
- „Седмиот континент“, (1966)
- „Четвртата димензија“, (1965)
- „Клуч“, (1965)
- „Бура на улица“, (1965)
- „Банкет“, (1965)
- „Изгрев“, (1964)
- „Автобиографијата на удавената“, (1964)
- „Опасен пат“, (1963)
- „Женидбата на господинот Марципан“, (1963)
- „Телефон“, (1962)
- „Часови за умор“, (1962)
- „Авантуристот пред вратите“, (1961)
- „Царевото ново руво“, (1961)
- „Одважен човек“, (1961)
- „Акција“, (1960)
- „Х-8“, (1958)
- „Луд, збунет, нормален“, (2007—2009)
- „Бибиниот свет“, (2008—2009)
- „Театар в куќа“, (2007)
- „Златниот бокал“, (2004)
- „Алекса Шантиќ“, (1992)
- „Диригенти и музичари“, (1990)
- „Небесни птици“, (1989)
- „Тоа не е мојот живот, тоа е само привремено“, (1985)
- „Инспекторот Винко“, (1984)
- „Габриел“, (1984)
- „Деновите на АВНОЈ“, (1983)
- „Големото место“, (1981)
- „Непокорениот град“, (1981)
- „Никола Тесла“, (1979)
- „Со полна пареа“, (1978)
- „Грунтовчани“, (1975)
- „Во регистратурата“, (1974)
- „Капелски искричења“, (1974)
- „Опасни средби“, (1973)
- „Златниот младич“, (1970)
- „Кога мечот ја кроеше правдата“, (1967)
- „Летовите што се паметат“, (1967)
- „Пинокио“, како Џепето, (2009)
- „Снежана и седумте џуџиња“, како Лутко, (2009)
- „Книга за Џунглата 2“, како полковникот Хатхи, (2008)
- „Дамата и скитникот“, како Верен, (2006)
- „Бамби“ како Големиот кнез, (2005)
- „Тарзан 2“ како Зугор, (2005)