Суворовско воено училиште (белоруски: Сувораўскае ваеннае вучылішча, Suvoraŭskaje vajennaje vučylišča; руски: Суворовское военное училище, Suvorovskoye voyennoye uchilishche) — интернат во Советскиот Сојуз и во модерна Русија и Белорусија. Едукацијата во овие училишта се фокусира на воени настави за деца на возраст од 14 до 18 години. Името „Суворовско воено училиште“ произлегува од презимето на рускиот генерал од XVIII век, Александар Василевич Суворов. Еден од условите за запишување во овој интернат е да се биде припадник на машкиот пол и да се има завршено основно училиште. По завршувањето на училиштето секој поединец има право да се придружи на воените сили во државата. Учениците во овие училишта се нарекуваат со називот суворовци/ец (кадет/и) (белоруски: сувораўцамі, руски: суворовцами). Покрај овие интернати постојат и Нахимови воено-морски училишта во кои се изучуваат морски воени техники.
Првите модели на вакви училишта се појавиле за време на Втората светска војна во декември 1943 година за да им обезбеди на децата чии фамилии првично биле дел од воен персонал, средно училиште специјализирано за воена едукација (војска, морнарица, воена интелегенција и сл.) и тренинг. Идејата за интернат била од големо значење бидејќи многу студенти во тоа време биле воени сирачиња односно немале родители или имале мајка која не била способна да ги одгледува.
Неколку такви интернати сè уште егзистираат во Русија и Белорусија. Таквите училишта во Руската Федерација се под надлежност на командантот на Руските копнени сили. Неколку од тие училишта се во Екатеринбург и Казањ во Русија и еден интернат во Минск, Белорусија. Интернатот во Минск е основан во поранешната зграда на Обединетото Белоруско Воено Училиште на 21 мај 1952.
Кери Шофилд, британски новинар која бил во блиски односи со Советските воени сили при крајот на 1990 и почетокот на 1991 напишала:
„ | Сè уште е општо прифатено дека најдобриот начин за еден воен офицер да ја започне својата кариера е да заврши во едно од паметните Суворов или Нахимов училишта, воените интернати. | “ |
Тогаш таа истакнала дека неколку оригинални училишта се затвориле, оставајќи само осум Суворов училишта и едно Нахимов училиште за целиот Советски Сојуз.