Павле Вуисиќ | |
---|---|
Павле Вуисић | |
Вуисиќ на српска поштенска марка од 2013 година. | |
Роден(а) | 10 јули 1926 Цетиње, Кралство СХС |
Починал(а) | 1 октомври 1988 Белград, СР Србија, СФРЈ | (возр. 62)
Националност | српска |
Занимање | глумец |
Сопружник | Мирјана |
Павле Вуисиќ (роден како Вујисиќ;[1] Цетиње, 10 јули 1926 – Белград, 1 октомври 1988) –југословенски и српски глумец.
Павле Вуисиќ е на 10 јули 1926 година.[2] Бил учесник во борбите на Сремскиот фронт. Живеел во Белград со сопругата Мирјана.[3] Неговиот помлад брат Душан Вујисиќ, исто така, бил глумец.
Студирал право и сè до почетокот на 1950-тите се пробувал во новинарството (Радио Белград). Неполна сезона глумел во панчевачкиот театар, истовремено статирал во филмот „Чудотворен меч“ (1950) на Воја Нановиќ и безуспешно се обидувал да се запише на Белградската академија.
Починал на 1 октомври 1988 година од карцином. Погребан е на Новите гробишта во Белград.[2]
Вуисиќ глумел во голем број филмови и во телевизиски серии, иако немал формално глумечко образование. Филмската кариера ја почнал во 1950 година во филмот „Чудотворен меч“ на Воја Нановиќ. Набрзо потоа ја добил главната улога во филмот на Наниќ, „Три чекори во празно“ (1958) и за неа ја добил наградата „Златна арена“ на Филмскиоит фестивал во Пула.
Веќе од 1957 година, почнал соработка со бројни режисери, играјќи разновидни улоги:
Глумел во повеќе телевизиски серии (Сервисна станица, Повеќе од игра), а Камионџии му донеле посебна популарност.
Сопругата на Павле, Мирјана Вуисиќ, е член-основач и член на управниот одбор на Здружението за култура, уметност и меѓународна соработак „Адлигат”. Во 2016 година во Адлигат го формирала завештанието на Мирјана и Павле Вуисиќ. Во завештанието има голем број лични предмети на глумецот, бројни ракописи, скици, фотографии, дневник на брачниот пар, сценариото кое Павле го напишал за детски филм, приказна за разговорот на крапот и други книжевни дела, легитимации, цртежи, предмети од филмови во кои глумел, како и оригиналниот негов тестамент.
Завештанието е достапно за јавноста во рамките на Музејот на српската книжевност на Бањица во Белград.
1950▼ | 1960▼ | 1970▼ | 1980▼ | Вкупно | |
---|---|---|---|---|---|
Долгометражен филм | 15 | 44 | 39 | 31 | 129 |
ТВ-филм | 1 | 1 | 9 | 3 | 14 |
ТВ-серија | 0 | 1 | 12 | 4 | 17 |
ТВ-мини серија | 0 | 0 | 2 | 4 | 6 |
ТВ-краток филм | 0 | 0 | 3 | 2 | 5 |
Краток филм | 1 | 1 | 2 | 2 | 6 |
Вкупно | 17 | 47 | 66 | 45 | 177 |