Душан Ковачевиќ | |
---|---|
![]() Душан Ковачевиќ на Белградски Саем на книга, 22 октомври 2007. | |
Роден(а) | 12 јули 1948 Мрѓеновац, ФНР Југославија (денес Србија) |
Занимање | сценарист и театарски режисер |
Душан Ковачевиќ (Мрѓеновац кај Шабац, 12 јули 1948) е српски академик, драмски писател, сценарист и театарски работник. Гимназија завршил во Нови Сад 1968. година. Академија за театар, филм, радио и телевизија студирал во Белград, дипломирал на отсек за Драматургија 1973. година.
Душан Ковачевиќ е автор на голем број драмски дела со комична содржина во кои е застапена и гротеската, односно присуство на смешно и крајно сериозно, убаво и грдо, стилизирано и недоквакано, традиционално и малограѓанско. Таквата слика на општествената стварност и актуелниот живот станува не само препознатлива туку и потполна и комплексна. Во неговите остварувања се бришат оштрите жанровски разлики и доаѓа до преплетување на комедија на карактер, комедија на табиет, фарса и драма во потесна смисла, впрочем како што е испреплетен и самиот живот. Често, као драмски писател, се споредува со Бранислав Нушиќ.
Најпознати негови остварувања се:
Го напишал сценариото за филмот на Емир Кустурица, Подземје.
Во сите овие дела Душан Ковачевиќ ги дава сите аспекти од секојдневниот живот, обојувајќи го од време на време и со алузии на политика и сè што таа носи со себе. Дејствието во неговите дела опфаќа обично повеќе нивоа на општествениот живот, разни занимања и идеолошки определувања во времето кое ни е блиско и по содржините многу препознатливо.
Ја објавил книгата „Век, календар за годините кои поминале“ (1998). Живее и работи како професионален писател во Белград.
|