Стојан Николов Михаjловски | ||
Роден | 7 јануари 1856 Елена, Силистренски Пашалак, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 3 август 1927 Софија, Царство Бугарија | (возр. 71)
Стојан Николов Михајловски ― бугарски писател, филозоф, општественик, деец на Македонскиот комитет и учесник во македонското револуционерно движење [1].
Стојан Михајловски бил потомок на стар бугарски преродбенички род. Тој е син на Никола Михајловски, внук на Иларион Макариополски. Учел во Трново (1865-1868), завршил при Галата сарај во Цариград (1872), а таму бил соученик на Константин Величков. Подоцна бил бугарски учител во Дојран (1872-1874), Во текот на 1875 година заминал за Екс ан Прованс, Франција, каде што го изучувал право.
По Берлинскиот конгрес работел како адвокат и судија, станал член на судскиот совет, главен уредник (1880) на весникот „Народен глас“ во Пловдив и началник на одделение при Министерството за внатрешни работи (1880).
Михајловски завршил право во Франција во текот на 1883, а потоа станал главен секретар при Министерството за правосудсто (1883-1884), член на Русенскиот апелационен сдд (1887), учител по француски јазик во Русенската машка гимназија (1889).
Стојан Михајловски бил претседател на Македонскиот комитет (1901-1903) и народен пратеник (1886-1887, 1894–1896, 1903-1908).
Поради статијата Потајностите на бугарскиот двор која била издадена во весникот Ден и била насочена против Фердинанд I, бил осуден условно. Во текот на 1905 година се повлекол од политичката и општествената дејност.